бев (гл.) - сопатник (имн.)

Од рацете не ја испуштав книгата на Емил Сјоран. Како да ми беше сопатник во потрагата по тиранските одисеи во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се враќав кон Картагина од дипломатскиот лов на туни. Во далечината ги забележував картагинските урнатини, крај извишените палми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И Леополд Седар Сенгор, кому блискиот Бургиба му беше сопатник и ко-создавач на франкофонијата, а подоцна и на движењето на неврзаноста и кому никогаш нема да му прости што власта ја предал по мирен пат (така никогаш, според него, не постапувале умните владетели), во една пригода ќе рече дека малку убивал за да спаси милиони.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)