бев (гл.) - симбол (имн.)

И кога му соопшти говедарот на дедот Стале, тој си ја зеде патарицата, која беше симбол на неговиот егуменски положај, и му отиде во црквата пред иконата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во времето кога го доби, тој повеќе беше симбол на тага отколку на радост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Наоѓајќи дека таа градба е подигната на древната германска земја и во едно сосем германско доба, дознавајќи, освен тоа, дека името на архитектот што можеше да се прочита на еден скромен гроб по звукот и по потеклото е германско, во своето одушевување со тоа уметничко дело преземав потфат да го променам злогласното готско име кое дотогаш беше симбол за тој тип архитектура, и да ја наречам германска, да ја вратам назад на своја земја“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еден петел, но не кој било петел, туку голема, горда, убава и раскошна птица, која управуваше со кокошарникот, и за тоа нешто беше свесен, за Милан беше симбол на машкоста и власта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зоки беше симбол на заглупениот ентузијазам и бесмисленото ’рмбање, идеален робот кој ништо не прашува и е спремен да ја изора нивата до последна бразда без ниту еднаш да мукне.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој самиот беше симбол на универзалноста на идеите на УНЕСКО.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога национализмот лесно стануваше војна! Југославија без Титовата стратегија во светот на неврзаните беше симбол со згаснат сјај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тој како и многумина други арапски водачи веруваа во неврзана Југославија, повеќе отколку што веруваа нејзините жители во неа, во најкритичните години од нејзиното постоење кога нејзините водачи ја почнува пеколната игра на националистичките делби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш, овие планини, ридови, карпи и чуки беа симбол на беспримерна преданост и храброст.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа беше симбол на нашата љубов.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Само тврдината, завикана Кале уште од отоманско­то време, кога служеше како голема воена касарна, беше симбол на исчезнатите империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И затоа мистично веруваше во врската клучеви од напуштените куќи кои, за неа, беа симболи на можното враќање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)