бев (гл.) - речено (имн.)

Ми беше речено, јас постар од неа само една година, можеби бев дванаесет, да ја одведам дома по поседокот кај нас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Притоа не е важно што беше речено, туку како сето тоа изгледаше.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како да беше речено дека не може двапати да се вратите во едно исто минато.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Зад заѕиданите прозорци се фалсификуваат архивите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Но, пред сѐ, според нас, Ботеро како уметник на новата Ренесанса одново ја откри перспективата, другата перспектива, не обратната и не деформираната, туку, како што веќе беше речено, ботероморфната перспектива во која фигурите ја преземаат формата на просторот, се зголемуваат како просторот и самите го оформуваат просторот...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со други зборови, како што беше речено во моите воведни забелешки за феминизмот и модернитетот, феминистичката теорија како философија на полови разлики го пронаоѓа поимот за жена како историски есенцијален токму во оној период во историјата кога овој поим е деконструиран и разнишан.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со парче од керамитка на еден камен од ѕидот влечевме црвена црта и со неа ги бележевме деновите што одминуваа и секоја ноќ сонувавме камиони што нѐ чекаа за да нѐ вратат дома, зашто беше речено дека по дваесетина денови ќе се вратиме... не знам зошто и не знам кој ни рече дека тука ќе дојдат камионите и тука секој ден ги чекавме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Подоцна, во разговор воден со Македонец во Елбасан, ми беше речено: - Мене воопшто не ме чуди што така се однесуваа тие луѓе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Толку брзо колку брзо ќе стивнат воените бури, колку брзо војската владина ќе биде протерана и ќе ги снема авионите и топовите. Така беше речено.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Малку понесовме зашто беше речено дека многу брзо ќе се вратиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
МЛАДИЧОТ: (По мала пауза.) Се извинувам, но, кога тргав отаде, ми беше речено со никого да не разговарам за тие работи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Му беше речено да биде присутен и како и секогаш да гласа ’против’, но ништо друго.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Еден директор, како добар човек и со желба да го награди за долгата служба, нареди да му се даде нешто позначајно од обичното препишување; имено, од веќе готово дело, му беше речено да направи службен акт до некој друг отсек; работата се состоеше само во тоа да се смени насловниот титулар и да се сменат глаголите од прво во трето лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ноќта ја минуваше секогаш на друго место. Ми беше речено дека мојот возач Бешир ќе ме остави на одредено место, а потем ќе ме преземат Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Богдан му се заблагодари на Авни за добро воспоставената врска за да заврши важна работа, како што му беше речено, по налог на Шефот: да го постави системот за снимање во неколку соби на мотелот “Дабов лад” во Селишта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Па сепак, веќе во наредниот миг тој беше на исто со луѓето околу него и сѐ што беше речено за Голдштајн му изгледаше како вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше речено мошне тивко, речиси необврзно - повеќе како констатација, не како команда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едноставно ми беше речено да ја повторам целата материја следниот пат, без да бидам обврзан да ги повторувам курсевите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мошне невообичаено.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На почетокот мене, со половина уста, ама сепак ми беше речено од страна на директорот дека ќе ми се признае квалификацијата, но од тоа до денешен ден нема ништо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не го разбра тоа што чу, но почувствува дека му беше речено нешто крајно важно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По мое барање мене од страна на другарката Блажена ми беше речено дека таа мене клучот не ми го дава.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лев Петрович, како што беше речено веќе, е истранет, на каучот под прозорецот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Штом ќе препознаам некаде присуство на невиност ако не можам да му се придружам барем сочувствувам со него - реков во желба да го дообјаснам карактерот на моето учество во настанот кога веќе беше речено дека сум го подржал она што се случуваше минатата ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Така ми беше речено на еден од прегледите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Точно е, сѐ беше речено од моја страна онака како што веќе изјавив, и како што вели и Кубре“ се обидуваше да ја објасни својата улога во оваа несреќа расплаканата Росана, „но со една забелешка што мора да се има предвид.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овојпат интелигентно се противев - велејќи дека сакам да ослабам - но и тоа не наиде на голем успех поради тоа што ми беше речено дека сум кожа и коски и дека треба повеќе да јадам за да ме сакаат девојчињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И бутовите ми беа малку растресени, а и образите почнале да ми свиснуваат - но никогаш не сум мислел за себе дека сум дебел.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беше речено да појдам кај кумата, да се поврзам и да се оѕвијам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така ни беше речено. Нели, девојки? - Така е!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)