бев (гл.) - рака (имн.)

Топла ѝ беше раката и погледот тажен, како раката и погледот на мојата мајка...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ова е сега ваше, им рекоа на браќата а тие несреќни зашто не знаеја што да чинат со сето тоа; беа раце, беа нозе, беа срце: не беа ум.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште првиот ден кога го сретна, пред да му го види лицето, таа ја виде оваа рака како ја држи мистријата; ова беше раката што таа ја разлути и ја доведе до нечувствителност и тромавост, кога таа посака оваа рака да биде полна со љубов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
— Ајде; ајде да излезиме и да видиме дали е готово јагнето, та за парите не берете гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Каде ни беа рацете, бре, да и ватеме: парчиња ќе и направеме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)