бев (гл.) - почеток (имн.)

Таков беше почетокот, премногу добар, дури невистинит.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Домот на Аренсберг беше моето прво попатно пристаниште на овој континент; тоа беше почеток на големо пријателство.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа беше почетокот на формирањето на андерграундот во овој град.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа беше почеток на една нова стилска навика која го доби името маниризам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Првиот удар со чеканот и глетото на него, му ја возбудуваше душата, трептеж чувствуваше во рацете, во снагата; зашто првото удирање беше почеток на милионските удари што потоа ќе уследеа за да се оформи каменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тие беа почетокот, центарот и крајот на нејзиниот свет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Веќе беше почетокот на декември, ми се чини деветти, дури тогаш се појавија инженерите со исцртаниот план за водоводот и со сите технички пресметки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
2 Беше почетокот на август, врело лето, тревата подгорена и жолта, земјата тврда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа беше почеток на крајот на југословенската трговската аристократија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Војска? Ха! Тоа беше матна дождовница од испиени, на прв поглед безоблични луѓе, колона гробнички шинели, разнишан ред страшила, глупаво и ненужно развлечен синџир од чудни шушкави алки. Тоа беше почеток и крај.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беше почеток и крај на неговата војна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој беше почеток на една нова радост што се всели во срцето на момчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оние другите, кои не посакуваа да бидат нешто друго во овој свет, туку сакаа да бидат она што се во еден поинаков свет, си подготвуваа облека која требаше да ги заштити во овој свет овде – си правеа оклопи, или наметки од жица кои изгледаа како кафези; си подготвуваа костими кои требаше да им помогнат да се изборат со овој свет, и во нив се престоруваа во опасни животни, или во ѕверови од некоја фантазмагорија; си подготвуваа облека која можеше да им овозможи да побегнат од овој свет, па си правеа крилја за да одлетаат, или си кроеја облека што не беше облека, туку ткаенина која обликуваше подвижен ѕид, ковчег, камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За оние кои веруваа дека се некој или нешто што светот не им го признава – како Томас кој освен оскудна облека бараше да му биде дозволено на карневалот да носи и голем крст на грбот, како Улрике која бараше вистински дијаманти за својата дијадема, како Јоахим кој инсистираше на вертеровите жолти панталони и син капут – облеката беше почеток на потполната потврда на постоењето кое на некој начин веќе го остваруваа во својата не-реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше почеток на октомври, утрото студеникаво, некаков проѕирен сињак ми се нафаќаше по брадата и мустаќите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)