бев (гл.) - последен (имн.)

Винстон успеа да фрли еден поглед врз нејзиното лице, свртено надолу, жолто и изобличено, со затворени очи и сѐ уште со по една флека руменило на секој образ и тоа беше последното што го виде од неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова што идеше беше последно што требаше да се стори та да видат каква ќе им биде среќата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Авионот беше преполн, а неговото седиште беше последно и до прозорецот (ете ти..).
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А тоа чувство на оттргнатост од своето, што пред тоа го имаше почувствувано само еднаш, беше последното нешто со кое сакаше да живее.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Посебно задоволство на авторот му беше последното летување во нејзината наследена, сега обновена викендичка во Лаврион.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа ѝ беше последното паѓање во несвест.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа беше последно наше видување со Трифун Трифуноски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше последно што се видовме, умре во 1945 година.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таму, верувам, ќе биде разрешено недоразбирањето со вашата влезница“ беше последното упатство од службеникот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа беше првпат таа да задоцни во времето на тие речиси две години многу сложена, слободна брачна заедница, и тој како објаснување ги претпостави силните врнежи кои ја потопија целата покраина за време на викендот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од вратата ѝ даде бискупски благослов и замина засекогаш. - „Верувај ми“ - беше последното што ѝ го кажа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)