бев (гл.) - патување (имн.)

- Ќерко моја, како патуваше, долг е патот. - Ма тето моја, проблем не ми беше патувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мачно ни беше патувањето по патиштата на плачот, на солзите и страдањето, по патиштата од кои немаше враќање, по патиштата на битисувањето и изгубената надеж...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да не беше патувањето во Солун, во далечната 1917 година, Мајка никогаш не ќе дознаеше колку е голем светот, колку народи живеат во него и колку јазици се зборуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)