бев (гл.) - офицер (имн.)

Никој не разбра дали тоа беше офицерот од Српската кралевска војска, големата љубов на невестата од нашето маало.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По долги години ме интересираше коњоводецот каде го однесе ранетиот и дали знае нешто за него, а кога го најдов, еве што ми одоговори: Јас не бев коњоводец, јас бев офицер – лидер.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас бев офицер во Југословенската армија и се селев од Босна во Словенија така што повеќе со Уртето не се ни чувме ни видовме...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Син му на Ризван бег, Абдула ефенди, долги години беше офицер во воената комора што се грижеше за снабдување на војската.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)