бев (гл.) - останат (имн.)

Ја извадив онаа негова фотографија што му беше останата од неколкуте што ги имаше направено за пасош, а не му се допаѓаа, оти не бил убаво излезен на нив, па ги имаше скриено во фиоката, никој да не му ги види, ја извадив од фиока и ја ставив пред себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од рубата што беше останата во ковчегот како да го почувствува здивот на жена си, миризбата на нејзиното тело.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Што убав брат имам, го гледав и си мислев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега беше останата сама, во истиот ќош, во очекување на некој од нас, да ѝ ја дополниме илузијата за нашето присуство кое сè повеќе се разретчу­ваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)