бев (гл.) - ноќ (имн.)

Тоа беа ноќи и денови на ненасит, на уловени изгрејсонца.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ноќта пред Велигден тивка, ведра, чудесна, светла како ден, а беше ноќ
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Веќе беше ноќ, јас седев под млаката светилка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа беше ноќ без месечина, но со густи силни ѕвезди што трепереа на работ од прозорецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога се разбуди веќе беше ноќ. Не му се стануваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше ноќ и никој ништо не виде и не чу.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И ноќта беше ноќ за сами суштества, една и премногу придавена ноќ за една притисната до последниот, до оној најпоследниот пристан осаменост, и тој го сети многу добро тоа, склопчен во својата шумурина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Не постои слеп пат“, ме уверуваше Пеперутката, „освен во случаите кога станува збор за некоја стапица“. (Ќе потсетам дека и ноќта за која зборуваше Пеперутката, беше ноќ на полната месечина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако беше ноќ, никоја доба, полноќ, нареди да се построиме во дворот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Патувавме долго. Беше ноќ кога нѐ истуркаа од вагоните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа нѐ натоварија во камиони, и по неколку минути нѐ истоварија и од нив, пред влезот на градба која тонеше во мрак.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
XXVI Беше ноќ. Најдолгата ноќ во животот на Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога се разбуди веќе беше ноќ, а капките дожд беа претворени во кристалчиња од мраз.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Патничките, чиишто лица одвај се гледаа под бледата светлина на една светилка во дворот, останаа неподвижни сѐ додека жената со војнички изглед не им дозволи да се слезат со неколку едноставни наредби, како да им се обраќа на деца од градинка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во овој доцен час изгледаше како светот да им е предаден на мажи кои се без жена, мажи кои со понизна трпеливост чекаат нешто неодредено како што јас ги исчекував нашите средби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Буквално болен од љубов, стенкајќи одвнатре со секое нишање на возот и загрижен дека засекогаш сум оштетен, ѕиркав надвор во жолто-осветлените станици каде осамени мажи стоеја пред огромни реклами, слики на раскошни манекенки изобличени со графити - истите стари навреди и повици; ДА ТЕ ЕБАМ, ПУШИ МИ ГО.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За тебе тоа беше ноќ што ќе те прогонува во соништата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)