бев (гл.) - мисла (имн.)

Та единствениот празник во сето она негово глуво чекање беше мислата дека го имаше спасено токму тој малечок живот и тој сега, последната негова утрина во Белата Долина, во оваа дивина наоколу, никако не можеше ни да помисли да го оскверни тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му се стори, ако веќе околу него се менеше ѓаволски, дека во него, во она што беше мисла и живеење под кожата, се протега попот: ти се бореше, ти стана власт со митралез (секирата е поалчна од муцките што брстеа младинци), тракторот стана куп старо железо, од гумите на неговите тркала и ти носеше опинци ( немаше тогаш Чик, Газела, и други фабрики за чевли), држи сега говори нема кој да те слуша ... Не-ма.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа беше мисла што нему буквално никогаш не му беше паднала на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)