бев (гл.) - знак (имн.)

Одбојноста ја раскриваше тајната, непризнаената привлечност, а несигурноста и стравот најмалку беа знаци на фрленост во нешто непознато и туѓо.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Адем остана малку замајан, но се прибра, се насмевна и плусна со рацете, што беше знак да влезе прислугата, во овој случај пак Катето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Речиси цела вечер Ратка беше буквално залепена до него и тоа беше знак дека од ова може да бидне нешто сериозно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Третата воздишка беше знак за Луис да го вклучи невронскиот сметач што беше наместен на мојата страна од масата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А одамна ја имаше изгубено волјата за пушење што беше знак дека здравјето му беше влошено.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка не се појави во собата додека Татко зборуваше зашто тоа, за неа, беше знак дека тој добро се чувствува.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не, таа сè така преплашена и уморна си лежеше, раширувајќи ги одвај приметно ноздрите, што беше знак дека ја забележала храната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повремено излегуваше од пртта, која на места веќе се црнееше, што беше знак дека снегот брзо се топи, излегуваше на неколку чекори преку сѐ уште високите бедеми од натрупаниот снег, и ја мереше неговата дебелина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа беше знак дека нема да го слушаат веќе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
" рече и молкна, што беше знак дека зборовите ѝ се задушиле во плач, но сепак успеа да му рече: "Кога ќе дојдете?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Прашав, полуцинично (тој „полуцинизам“ веќе беше знак дека не ми е сеедно што почнувам да ја губам Луција, оти таа веќе имаше другари и таму, а не само во училиштето, каде што бев јас!), дали Партијата има намера да организира и кружок по џез и пушење марихуана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со тој брак, ние всушност (јас и Земанек), се убедувавме дека не сме згрешиле што сме го избркале Јан; оти тој брак реално постоеше, и беше знак дека се сакаме; а ако се сакаме, тогаш не можевме да бидеме виновни за тоа што немаше место за трет во тој наш свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ќе се појавеа облаци од прашина на неасфалтираниот селски пат тоа за нас беше знак дека автобусот пристигнува.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Трипати свиреше бродската сирена што беше знак дека веднаш треба да се вратиме на нашите лежишта во амбарите и да седиме тивко, дури и да не зборуваме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лаењето беше знак за блиски села, оти во планините, за разлика од градот, никогаш немаше диви кучиња.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Почувствува како ѝ се суши устата што беше знак дека ѝ паѓа шеќерот во крвта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Контракциите зачестија. Тоа беше знак дека е време да биде префрлена во породилната сала.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беше знак дека шминката е добро нанесена и го истакнува она кое тешко може да се забележи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа беше знак дека церемонијата требаше да заврши.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко на залез на сонцето, кога последните црвеникави зраци исчезнуваа зад тврдината Кале извишена на другиот брег од реката, зад која патуваа и исчезнуваа неговите мисли, ќе ја оставеше книгата на комодата крај миндерот среде чардакот, а тоа за Мајка беше знак да ги донесе бокалчето домашна ракија и Татковото омилено мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некогаш беше знак на лудило да се верува дека Земјата се врти околу Сонцето: денес, да се верува дека минатото е непроменливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Да“, рече тој. „Им се допаѓаше да си ја допреш шапката пред нив. Тоа беше знак на почитување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја мереше и се јадосуваше што водата, место да ја зголемува температурата, како што очекуваше, таа ја намалуваше и тоа беше знак дека нема да избие лава и да ти помогне во твојот научен потфат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— И почна да си ги брише солзите со црната шамија, која беше знак на преголема жалост.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На вратата го предупредија кадијата да не ги заборави кога ќе ја свршат работата, а овој се заколна во брадата и мустаќите, што беше знак дека ветувањето ќе се исполни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа ова беше знак дека не ги водат на губилиште, туку во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа беше знак за узбуна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тоа беше знак дека треба да одиме под врбата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Изгледа не беше спремна да го продолжи гладувањето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мене ми се нема доверено но јас мислам оти таа нејзина молба беше знак на слабост.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Белиот крик беше знак за бело раскрилување - под летнатата белина да најдат отпочин водоскоците од роднокрајните детства а и името на стариот крај да не подизгори од многу сонце.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Испрекинато свирење беше знак дека наидува некој непознат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога ги добил прачките од лозите тој се испаничил и се јадосал зашто тие прачки беа знак за разделба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Чадот од полусувите цепаници одвај излегуваше низ чатијата и баџата на неговата ниска куќарка - тоа беше знак за неговата полужива душа, која одвај поземаше сила за понатаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чатијата и гредите веќе беа поцрнети од чадот, па и тоа беше знак на гламносана волја, која тешко се покренуваше дури и со надежите на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)