бев (гл.) - закон (имн.)

Тоа беше законот според кој секој капиталист имал право да спие со секоја жена што работела во некоја од неговите фабрики.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше законот на неговиот живот, иако тој го разбираше и безмалу веќе чиниш го сакаше како некое старо познанство во оваа своја приклештеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па поради тоа, кога се стивна сета работа, пукнаа два гласа, едниот, го пуштија жителите на Потковицата, дека и него, и Атанаса Дамчески, како и татка му Ѓорета, го затвориле властите и сега кријат од неговите и од луѓето, а другиот, бездруго дојде од нив, од властите, дека Атанас избегал во Грција а оттаму во Америка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но таков беше законот во Потковицата, непишан но строг, за сите што молеле на Молитвена Вода никој жив уста да не отвора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше закон за мене, но наместо да молчам, мене ми дојде нагон за смеење, не знам и сега да си објаснам зошто ми беше толку смешно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)