бев (гл.) - желба (имн.)

Парискиот интернат за мене беше мошне болно искуство, мошне тешко го поднесував.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
4Дали вие сакавте да се запишете на Ecole normale, или тоа беше желба на вашите родители? 4Моите родители не знаеа за каква установа станува збор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така, од овој случај можеме да заклучиме дека понекогаш борбата за своите права може да трае и предолго, барем во вак- виот денешен неефикасен судски систем – но дека со упорност, самоувереност и добар мотив може да се достигне и она што, на прв поглед, изгледа бесцелно и обесхрабрувачки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во случајот со нашиот соговорник тоа беше желбата и потреба за правда, да ја докаже својата чесност – дека тој не беше оној кој ја оштетува компанијата....
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Голема беше желбата и кај бебулето светлоста на денот да ја види и без подадена рака.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Зар ќе можат да го доживеат на сличен начин како и јас оној момент кога мајка ми одредуваше каде ќе треба да копам со истион показалец што го користеше одвреме навреме за да ми го сврти вниманието кон птицата што ја прелетува нашата куќа; или, во други случаи, за да ме предупреди дека некој непознат или некоја од нашите сосетки од зад Долни Рид наближува по каменливата патека?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и оние поединци кои можат да имаат разбирање за ваков вид желби, каква што беше желбата на мајка ми, при изборот на тумбата за гробно место, зар можат да го сфатат начинот на кој беше искажана пораката?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ништо од сето тоа не барав. Не можејќи да си ја објаснам желбата, очекував да го видам гривестиот белец и да му се доближам, со дланки да ја избришам крвта од неговите светкави влакна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беше желба на дете што се плаши од видени мртовци и сепак може, верува дека може, со здив да му ги излекува раните на животното.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)