бев (гл.) - есен (имн.)

- У нас, во нашето село кога го донесоа новиот поп, селаните рекоа - не го сакаме. Тоа беше есента. Триесет и шестата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа беше во годината кога брат ми се беше запишал на Медицинскиот факултет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше есен, а јас му реков: „Нашите сенки можат да се допираат дури и ако ние не се допреме.“ И нашите сенки си играа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А еден ден дојдоа и Маџирите да пљачкосуваат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Две години затвор во Кожани. Кога си дојде дома, ми рече: - Јас, Ристанке, ќе си одам во Америка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Есента 68. беше есен на “Hey Jude” и сите зборуваа дека сѐ стана гнило.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Макар да беше есен, најубаво време за чалгаџиите, кога се правеа најмногу свадби, оваа година тие долго се топеа без работа, поради жалта што беше наредена од власта за отепаниот крал Александар.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Поминаа пет месеци. Од школо ми се врати син ми плаченичкум. Рацете посинати и натечени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)