бев (гл.) - другар (имн.)

— Каде вака, Мире, по ридов денеска? — го праша стариот Диме, кој беше другар на татка му и со кого долги години одеа овчари заедно кај битолските аги.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сега се поднасмевна кога се сети на деда си, стариот мудрец, кој, без да го праша него или мајка му, реши да го земе под свое и додека растеше, повеќе му беше другар отколку дедо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Глупаво и непотребно. Боги му беше другар на Борјан, му даваше да го гали, не му лаеше.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Тие ми беа другари... - често повторуваше Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бидејќи Вици, беше другарка ѝ од средно, Виолета, која нагалено ја викаа Вици, а пак, „види” е глагол ... кој е тогаш Вени?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А и времето ги отепа. Лапавицата речиси на целиот пат им беше другар, та им ги стопи и последните сили.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Знаеш, имав еден брат. Боге го знае, едно време беа другари.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако веќе ја зборуваме вистината, каков лукав и препреден беше тој, какво вретено беше другарот Анески, тогаш ќе треба да му симнеме капа, да му се поклониме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беа другарите?“ ме праша мама. „Беа. Врнеше. Право кај нас дојдовме. Бевме гладни. Јадевме леб и слатко од јагоди.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со татко ти бевме другари. Поздрави ја мајка ти!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во одделението бевме тринаесетина ученици. Но сите не ми беа другари.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Пред нас бришан простор, напред беа другарите, а одзади само еден партизан, слушнав мината како зашушка и знаев дека ќе падне близу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)