бев (гл.) - глас (имн.)

- Ајде стануј да снимаме спот - беше гласот на Академикот кој штотуку купил нова камера.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Немаше грешка, тоа беше гласот на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја гледа сликата, а снагата му намовнува: негов ли беше гласот што му дојде тогаш кога седеше во градината и кој му исчезнува кон гробиштата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Прецизно, тоа беше глас на девојка која трпеше удари од снежни топки од друга девојка и нејзината тајфа, на врвот на планината.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа беше глас на џин што доаѓаше од човек на кој малку му фалеше да биде џуџе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој за миг зашеметено стоеше таму, несигурен дали тоа беше човекот што го слушна како зборува или беше гласот во него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Белуш на! - извика. Откај трлото се слушна тихо цимолење, но тоа беше гласот на Гривчо. Белуш уште не беше вратен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да, тоа беше гласот на чичко Љубе, немав веќе никаква дилема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само, ми недостигаше глас да му одговорам на повикот. Бев занемена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, не беше тоа. Беше глас, беше неговиот глас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Е тоа едно „којзнае”, тоа беше гласот надеж која не ги остава луѓето да стивнат и да се помират, да си го олеснат невозможното...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сепак со секој здив минував во соништата секогаш през исто село со мртви покриви и со гробишта зад недарежливи лозја: крстовите беа без сенки и не никнуваа од земја, висеа: ги ослободуваа мртвите од преголема тежина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој, најверојатно Цуцул Мицковски, си ја кажуваше маката со шупелка: тоа беше глас на жена кога реди подгрбавена на гробишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тоа не беше гласот на мојата Олга Ничота. Беше гласот на нејзината сестра.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не знам, почитувана госпоѓо Лејбовиц, кои беа причините за ова задоцнето катарзирање: дали беше чудесната Прованса, со своите опојни миризби, особено на лавандата, на чудесните бои, или на етеричните масла, со кои вие ме дарувавте во вашиот волшебен пакет, кој ми пристиgна како фрагмент или беше гласот на мојата осамена мајка, која ја слушав уште тогаш во Арл по телефон.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
О, тој златен бран! Се колнам, тоа беше гласот на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
О, вечни, о слатки соништа. Проклет да бидам, тоа беше гласот на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Послушав, тоа беше гласот на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Штооооооо ееееееее! - како да запеа Ане. - Доаѓај бргу дома! - тоа беше гласот на мајка ѝ. - Уште малку! - викна Ане.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Веќе вторпат тој ден немаше да можат да си ја довршат играта.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Тоа е само детска фантазија“, рече мама со глас што не беше гласот на мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да, точно така напишал: секогаш кога има можност! Скандал!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одненадеж како од некаква длабочина му дојде познат глас и почувствува силен допир: „Ако сакаш можеш до мене да седнеш“, тоа беа гласот и допирот на Теми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)