бев (гл.) - време (имн.)

Беше време за една странска радио-емисија наменета за слушателите од нашата земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но сега не беше време да длаби по погрешните идеи, требаше да се најде излез за семејството, излез од гладот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше време кога човек не смееше и да му го спомне името на Сталина, а камоли да помисли некој да оди до него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Впрочем, не беше време за мудрување, за одење угоре-удолу, за премислување, треба да се донесе одлука и работите околу копањето да се забрзаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Побрзав, дури беше време, да му порачам на Јована утрото уште рано да дојде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше неизбежно затоа што се почна со смрта на мајка ми, на која не и беше време да не напушти.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секогаш кога ќе загубиме некој близок велиме дека не беше време...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Воопшто земено, тоа беше време кога имаше многу возбудување во Поп музиката.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
“Tell it Like it is” беше хит песна таа година.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ВИУЛИЧАВО беше времето кога тргнав со полноќниот „Хелас- експрес’ од Скопје кон Келн.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но мајката природа секогаш притекнува во помош на своите рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку да беше времето убаво за работа, тие немаше со што да тргнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беше време, ејгиди, кога немаше кој да фати ни срп ни чекан, кога немаше кој да викне и подвикне: смрт на фашизмот - слобода на народот!
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тоа беше време на интензивно дружење со двајца андерграунд поети, Поп Дучев и Ванчо Ѓошевски - Irfante кој сѐ уште живее во Берлин - место каде заврши последната европска војна и од каде почна реално да се распаѓа комунизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Татко губеше сили. Тоа беше времето кога му паѓаше шеќерот во крвта заборавајќи на задолжителниот оброк во чантата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но сега не беше време да се размислува за овој проект.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа беше времето на владеењето на султаните Мурат Втори и на неговиот син Мехмед Втори Фатих, времето на најголемиот подем на Отоманската Империја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше време за крај на посетата. Татко ја испрати Мајка до вратата од болничката соба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега не беше време да се седи надвор, но на Бојан воопшто не му се спиеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со тоа, разговорот на таа тема како да беше завршен и бидејќи на стариот професор му беше време да си оди, тој ја дофати патерицата навалена до фотелјата во којашто седеше, со што стави на знаење дека ќе стане.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Беше време кога се затвораа џамиите, црквите, катедралите и синагогите. Се затвораа, казнуваа невини свештеници од сите вери.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не беше време за враќање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше време кога во градот крај реката идеа абери од родниот град крај езерото за интернација на блиски, за затворање на овој или оној од семејството без никаква вина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
К.К. мигум молкна. Дали тоа беше време за вообичаена починка по мрачното кажување, мачните податоци, или тактички молк, подобро да се соочиме со податоците за ликвидациите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Требаше зрело, вдлабено да се толкува татковата дискретна и скептична мисла дека не беше време за враќање во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но еве, слушнете го и следново, мислам дека и овој податок укажува на некои значења, а можеби може и нешто да дообјасни: тој Ведран само трипати наврати кај мене, под Сина Скала. Потоа исчезна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Луѓето идеа и си одеа. И никој никого не забележуваше. Како да станува збор за сенки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира дека тој човек го имам сретнато. Но тоа беше време на војна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, и вам ви се има случувано тоа: на човекот што го сакате најсетне да му се обратите и по име?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем не беше време да сврати?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше време кога милиони луѓе, како стадо, заминуваа за Америка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ова беше време од годината кога душата на Кети беше одушевена од бавчите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не беше ниту пролет ниту лето, тоа беше време кога нема ветер и кога воздухот е опоен, кога пролетта незабележливо и благо поминува во лето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, ако, гледано наназад, денес 1970-тите се истакнуваат како несреќно поглавје во долгата, мрачна историја на трансродовото угнетување, тие, исто така, за многубројни лезбејки и геј-мажи беа време на родова еуфорија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тоа време беше време на лаги, на понижувања, блатење, предавства, време на подлости и кодошења, време на клеветење и губење и изопачување на сопственото лице, време на уништување на сѐ што значеше живот, беше нечовечко и погано време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа беше нашето време, времето на молк за телесноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тргнав кон плоштадот, и во една од уличките ме пресретна толпа луѓе – такви толпи често ѕиркав низ прозорецот на нашиот стан во Виена во годините кои следеа, но оваа толпа не беше составена од униформирани луѓе, туку од маскирани: беше време на венецискиот карневал, и секакви суштества протрчуваа сега крај мене – принцези и питачи, владетели и робови, луѓе-риби и луѓе-птици.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Снегот уште не се беше растопил кога ме посети Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одевме во ист правец, но тие одеа брзо, и јас се поттргнав, се залепив до ѕидот на една куќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште не беше време за седење на балконот, но јас сепак таму, до столот на мојата мајка, изнесов стол за себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Такво беше времето. Или ти твоето или тие нивното. Трето чаре немаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Поминаа пет години откако мајка ѝ умре, и веќе беше време, велеа луѓето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вакви беа времињата - тој неписмен остана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рака на срце во војната имавме другарки во панталони, но тогаш такво беше времето. - Ги прераскажуваше зборовите на командирот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите тие денови, за сите тие лоши, зимски денови, колку да беше времето проклето, сеедно дали дуваше северен, мразен ветар или паѓаше голем, црн снег, јужен, Кејтеновиот син се крадеше од домските простории и сеедно со своето дрво се прикриваше во некоја дупка, во некоја темница.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сеедно какво беше времето, сеедно каков беше ветрот и снегот, можеа и илјада бури да зафатат сега него ништо не можеше да го оддели од неговото дело, тој упорно издржуваше во својата таинствена работа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Веќе беше време да се најде со Христина. Петар ѝ правеше друштво чекајќи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А беше време кога му се доградуваше големиот мавзолеј во Монастир.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред да станам амбасадор на новата Република Македонија, на 19 февруари 1993 година бев ангажиран во дипломатска мисија во земјите на Магреб.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова беше време да распламти и тивката битка која се водеше меѓу душите на турската баба и албанскиот дедо, да се замине навреме или да се остане засекогаш и да се пречекаат различните војски спротивставени на двете страни од границите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше времето кога младата македонска дипломатија ја понесуваше мисијата на нови обврски во врска со приемот на Република Македонија во Обединетите нации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Климент Камилски имаше уште многу податоци од западните извори за јаничарството, но Татко го потсети дека беше време да се задржи на главната цел на нивниот проект: дали во списокот да се задржи овој збор и неговите деривации во балканските јазици, зашто ги очекуваше работа врз уште многу други зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сето тоа и не можеше да се вклопи во текот на времето, тоа и не беше време туку нешто што е надвор од неговата рамномерност и неприкосновеност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Прва од левата страна на масата седеше Деница, до неа, од нејзината десна страна, беше Африм, потоа навкосо кон нас беа распоредени Стево Трајчов, Азра, Јованче Крстов и Круме Волнаровски, човек со искуство во професијата, за кој ме врзуваа многу нешта во изминатите седум години, а тоа беше времето на неговото началникување со Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Решив на Мариела да ѝ дадам посебна задача, а тоа беше времето кога нејзината преокупација со Москополе избледна и таа започна да работи на својата докторска дисертација на сосема друга тема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се да беше, Да не беше време.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
– А беше време пред бура. Во воздухот трепереше неизвесноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беше времето кога Татко ги откри битолските кадиски сиџили и го посвети животот во нивното толкување, откривајќи и таму, три века наназад, траги од семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ама не беше време за противење.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но не беше време да се открива западното минато.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Разгледувам малку наоколу...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му беше времето за по нужда...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Такво беше времето кога се случуваше истото што секогаш се случувало само што тогаш поинаку.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но тоа и му го зголемува приходот поради што е вистински задоволен зошто летото беше времето кога човек никогаш нема доволно пари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше време на една од последните екстази на сталинизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нему му преостануваше или да ги следи, додека сѐ уште беше време, или да избере некој трет пат...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, уште беше време кога за вакви „грешни мисли” на Цветана Горски, можеше лесно да оди на робија и да не се врати повеќе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А беше време на окупација. Една власт корен не пушташе, а друга стигнуваше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не беше време за нова преселба. Не беше време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ова беше време кога мажите се уште по работа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Беше време во какво никој друг да не се роди, Господи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Во тие денови на младоста, кога смртта беше толку далеку, времето не беше време, а староста беше само оддалечен ехо од некоја спилја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се сеќавам на говорите што тој умешно ги обликуваше во стегнати десетерци! Такви беа времињата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ти реков: тоа беа времиња кога живите на најнеобичен начин се селеа кај Господа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш се слушна езанот од минарето на џамијата. Беше време за оглен намази и кајмакамот го прекина зборувањето со ибн Бајко, и со очи замаглени и отсутни, се струполи да се клања врз сеџадето што го одвитка и посла.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Штурците почнаа да ги гласат своите виолини за вечерниот концерт. Беше време за враќање дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)