бев (гл.) - власт (имн.)

Најпосле, и овде постоеше Одбор, го викаа Одборот на Егејците, ама овој Одбор не беше власт како оној во Гаково, туку колку да ги собира Егејците околу себе и да помага преку вистинската власт со социјална помош за старите, жените без мажи и за децата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Потем рече: „Слушај како се пее“ и почна одвратно да рика некаква инаку нежна, љубовна песна, почна да се удира по влакнестите гради (носеше и огромен, крупен златен синџир, околу вратот, со крст, оти тогаш беше модерно да се декларираш како Христијанин), така што сите мораа да прифатат, оти за нас тој беше власт, а кога власта пее, ти и ќе пееш и ќе играш. И ќе маршираш на љубовна песна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Порано, Марко, беше власт“, ја собра попот басмата во поширокиот ракав на мантијата: се чудеше како може домаќинката да стои толку долго неподвижна и со наведната глава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)