бев (гл.) - видело (имн.)

Тогаш сестрата се присети дека тоа движење го беше видела во ходникот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Ивона продолжи да зборува со воодушевување за сето она што го беше видела дента за време на прошетката со Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вакви очи беше видела само еднаш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Освен попрскувањето на темелите со крв која се слева низ устата на тукушто заклано јагне, која еднаш Минувачот во 5 до 12 ја налеваше држејќи го за нозете, дотогаш не бев видела друг пагански ритуал поврзан со темелите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
После прошета по собите, разгледувајќи ги работите што до тогаш не ги беше видела и со омраза поттурнувајќи некои од нив, за кои беше сигурна дека ги донесла Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На неговото лице беше одразено се она што со векови му се случувало на човештвото и јас дотогаш не бев видела човек со толку брчки на челото и толку болка во очите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тивок беше и порано, дури молчалив - таа го беше видела таков и знаеше дека е тоа молчаливост на човек што сака да учи од другите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оние што не ги бев видела дотогаш; оние на кои не се имав сетено дека постоеле во сите денови на војната; и се разбира најсетне, оние што можат да потрајат и подолго од еднодневна употреба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тој ден Даскалов ми донесе повеќе пакети млеко и јајца во прав; тенекиини кутии со месо, детска облека, па дури и фустани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тоа дека се случило нешто необично, Ирина ја увери само глупото и хистерично лице на Вадим.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа никогаш не го беше видела таков.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Прво, не ми кажува ништо...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се прави дури дека не ме гледа... ѝ се враќа на машината... чука со еден прст...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никогаш не ја бев видела толку нервозна!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не 'и познало момчето оти сет алтан парчињата, чунки до тогај не беше видело парчиња од алтан.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
При с¯ што не беше видело, пак си 'и собрало во торбата што си носело лебо и си тоарило дрва, та си ошло дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тоа нешто к'сметот му го наврте.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Имаше поинакви очи од сите деца кои ги бев видела; тоа беа очи кои плачеа навнатре, а солзите паѓаа некаде таму, длабоко во него, и не го носеа она ослободување кое доаѓа по плачењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дотогаш се плашев да им се приближам на другите деца (брат ми Зигмунд за мене никогаш не беше дете), некоја чудна непријатност ме облеваше дури и од присуството на моите сестри, ама уште кога го видов Рајнер, сакав да бидам близу до него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој не се обиде да порекне ништо, а кога болката ми го згази достоинството, кога паднав пред него плачејќи, не се обиде да ме утеши.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сепак тргнав дома. Идниот ден му кажав што бев видела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури и стварно да ги бев видела двата задни пара нозе како се движат како што би се движеле при скокање, мислам дека резултатот ќе го сметав за нестварен и механички, беден обид во споредба со ненадејниот висок главешкум Маргина 35 115 лет од шепата на нашата мачка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Така, во домот на татка си, како мома, во родниот Лесковик, вгнезден на границата помеѓу Албанија и Грција, беше видела делови од мебел како во каталогот на стоковната куќа Ла Ринашенте, но не и во крајезерското гратче Поградец, каде што ѝ се закотви животот во новото семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)