бев (гл.) - буква (имн.)

На средината, голема, јасно направена беше буквата „А“, а од страните на буквата имаше направено крилја и вака ни објаснуваше: - Еве, оваа е буквата аз, а, а крилјата кажуваат од кој збор е таа за да знаеш која е и зошто ти е во читањето и пишувањето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Филозофот пристапи, ја осветли книгата и ние видовме верно, како и во ливчињата на отец Мида што стоеше сведоштво: писмото на записот сосем непознато беше, а записот имаше форма на клопче; само во средината на клопчето една буква се одделуваше од другите, по форма и боја: тоа беше буквата Ж, истата онаа поради која добив шлаканица во семинаријата, од Писмородецот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)