бев (гл.) - борба (имн.)

За другите тоа беше борба за рехабилитација, за него - нешто подлабоко, рамносметка со себе, преценка на својот животен пат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа беше борба без крај. Тој можеби не забележуваше дека кога ќе згрешев и самата се казнував.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш беше борба кој прв да се качи на дрвото и немавме насит, а сега потскокнуваме од долу да фатиме некоја гранка со две три црешички на неа, додека со другите горе ги храниме чавките...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Светлината од светилките на терасата се слеваше со првите сончеви зраци.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога геј-луѓето ќе се лишат од заедничкиот, комунален живот, од сопствен општествен свет, главната мисла на геј-политиката веќе не е отпорот против хетеросексуалното угнетување, туку тоа станува асимилацијата, односно приспособувањето кон главнотековното, поривот за општествена прифатеност и интеграција во општеството во целина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целата работа е во потребата да се вклопиш, да му се приспособиш на местото во кое веќе живееш и работиш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прашањата како што се воената служба за гејовите и еднаквоста во однос на бракот, кои порано беа борби за пристап до осигурување, за правична распределба и за отстранување на дискриминаторските пречки, сега стануваат борби околу симболизмот на општествената припадност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Има, сепак, и понатаму важни материјални барања во таквите борби за вклучување, но тие им се некако подредени, барем во реториката на движењето, на асимилациските и конформистичките цели. ‌Во таков контекст, геј-културата сѐ повеќе изгледа како бизарен, нестварен, неопиплив, небулозен, ирелевантен поим.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пристапот до главнотековните општествени облици: воената служба, припадноста во црква и бракот. ‌Ова многу ги објаснува карактерот и преокупациите на современата геј-политика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тешкото оружје остана на Вичо и падна во рацете на противникот. Тоа не беше борба, ами колеж.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)