бев (гл.) - Евреин (имн.)

Таму каде што не постои избор, во крвта, беше Евреин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму каде што може да се избере – ја беше избрал германската култура: тој сакаше нејзе да ѝ припаѓа, онака како што чувствуваше дека плодовите на таа култура му припаѓаат нему.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Точно пред година дена, се сеќава Мертен, во центарлната команда самиот Фирер ги собра првите луѓе на рајхот и иднината на грчките Евреи беше определена, особено судбината на големата еврејска заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кому може да му користи тоа што двајца агенти на Гестапо во централната зградата на еврејската општина го влечат до тоалетот, заменикот на главниот рабин Хаим Хабиб, оној сериозен и скромен човек, кој да не беше Евреин, ќе беше уште и симпатичен – и како тоа да не е доволно, го исмејуваат и над Тората го тераат да одговара на нивните потсмешливи прашања за законот „заб за заб, око за око”, додека еден офицер на улица запрел некаков рабин, го однесол дома и му ја избричил половината од брадата и така го пуштил да излезе на улицата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)