бев (гл.) - некаков (зам.)

Раѓањето беше некаков противудар на судбината, некаков излез, обнова на надежта, по толку умирачки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше некаков силен изблик на човечкото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А Зеро, инаку, некако настанува, тоа морам да го спомнам, под закрилата на тогаш отворената чајџилница Галерија Седум, која беше некаков вакумски, анти-простор меѓу „моќните” институции, универзитетот, ФЛУ, музеите и Уметничката галерија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бавењето со ликот на Хитлер во тоа време повеќе беше некаква провокација за зацементираното официјално културно миље и пред сѐ провокативно испитување на цензорскиот амбиент кој во тоа време како да почна да ја доживува својата прва кризна фаза.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И тоа ми беше некаков живот. Невозможен живот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој ќе ни беше некаков доказ дека, какви-такви, ќе бидеме прифатени од новата средина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За него, сепак, тоа беше некаков крај.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа, за Татко, и покрај сите сомнежи, беше некаков знак дека ќе биде примен во Судот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Трупецот претставуваше сплет од јазли, разместени по целата негова површина, целиот беше некаква извитканост, стутканост, згрченост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сето тоа беше некаква далечна, магловита слика, можеби настаната како плод на неговата желба да има пушка, но сакаше да верува во неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеби возраста на Noguchi беше некаква поткрепа за односот кон јапонството. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 19
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас, иако не многу голема, ѝ бев некаква закрила, сега, кога ја немаше мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа беше некаква моја пасивна борба, не ѝ дозволував да стане многу блиска со мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во тие лутања низ градот, понекогаш мојот поглед ненамерно ќе паднеше на некое големо стакло, или во водата на реката или на некое вирче, па без да сакам се соочував со мојот лик, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И самиот дом ми беше некакво огледало, сенка на сенката која ми го поставуваше прашањето кое се колеба меѓу постоењето и непостоењето, и затоа дури и кога студот влегуваше в коски, дури и кога ветерот биеше толку силно што мораше да се затвораат очите, јас лутав по улиците, застанував на мостовите, влегував во некоја синагога или пак црква, седнував на некоја клупа, и така ја проветрував душата како ткаенина во која се насобрал горок мирис.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ова мора да беше некаков знак од Бога.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Друг пат тоа беше некакво чувство на задоволство, кое за жал се мереше во мигови, па не можеше да се смета како релевантно за некаква долгорочна, еднаш засекогаш запечатена среќа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од тоа понекогаш почнуваше да боли по лицето и под очите; беше некакво самосожалување и го тераше да солзи, онака гладен, онака заздишен, онака бессилен и онака сам пред тоа нагорно море од снег, крај тие скочанети стебла, од чијшто допир му мрзнеше преклонетото чело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она, со што најмногу им се одзиваше ним, беше некаков плач по себеси цврст, што се извиваше во секој лелек на таа ноќ, па и во оној, што поникнуваше и од неговото легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека тоа во оние двајца беше некаква неразбирлива желба, што ги тера сите мажи да појдат еднаш и да преспијат среде снегот, да се најдат себе си еднаш мирни среде тој снег, а после долго да прикажуваат за тоа, како за нешто големо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му беше некакво залажување, сето тоа вабење од карпите, не сакаше никого да го прелажува и никого да го моли, го отфрли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го сеќаваше дека е тука повеќе од здивот, знаеше дека беше дојдено по тие рубинени сртови најмногу со својата кожа, врз која она беше некаков игрив допир, а за сето време продолжуваше да скита со погледот по сиот рубинен свет крај себе, не испуштајќи ниеден миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше некаков умилен занес што го ослободуваше човекот од болната поврзаност со реалноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бидејќи не беше некаков борец, а не умееше ниту да се предава, невидлив за околината, ноелемакот не поседуваше своја територија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Крвта во жилите течеше, тоа веќе беше некакво чувство, најпосле нешто работевме што потсеќаше на животот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тие беа некаков штит меѓу куќата со книги и минливите режими.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Куќата ѝ беше некаква верзија на мини дворец.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Како музиката да беше некаква течна материја која се разлева по целото негово тело и се меша со сончевата светлина што се цедеше низ лисјето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почна да голта полни лажици од манџата, во чиј густиш имаше коцкички од некаква розеникава сунѓереста материја која веројатно беше некаква преработка од месо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа што го јадеа беше некаква тенка јанија, поточно супа од зеленчук.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не, сигурно ѝ се стори. Всушност тоа беше некакво претчувство...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ете! Да не се случеше таа случајна средба помеѓу мене и тој стрип, можеби јас денес ќе бев некаков успешен банкар, или еминентен политички коментатор, или флексибилен деловен човек, па дури и ептен угледен правник (за каков што ме мечтаеше татко ми во своите родителски сништа)...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Зоки и без тоа се плашеше по малку од Драган, зашто Драган беше некаков си извидник, а извидниците знаат да откриваат секакви тајни – а сега се исплаши и од другите деца, па се склупчи и рече: - Не сум јас. Нели нема да ме тепате?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И понатаму се гледавме во очи со ненамален жар, но во прашање беше некаков поинаков жар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Прва карактеристика на тие искуства беше некаков тип на психијатриска емпатија со оние кои сочувствуваат, без оглед дали сочувствувањето е изразено или не.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Голем наплив на среќа ме облеа, но не обична среќа, тоа беше некаква среќа како после многу исплакани солзи. Среќа на тагата, би рекла.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сепак, тоа што моментално го имав во животот ми беше некаков успех, тргнувајќи од фактот дека сум дошла од провинција во источниот дел од земјава, каде што птиците заборавиле да пеат кога летаат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не беше тоа ниту хипноза, беше некаков вид визија за која не постојат докази, освен чувството кое останува после голема воодушевеност, како на дете кое за прв пат ја здогледува Ајфеловата кула, или водопадите на Нијагара.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)