бев (гл.) - го (зам.)

Веднаш беа го убиле, на самото место, па се упатија кон селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ми во еден разговор беше го запрашал Чанга: „Има ли пекол?” „Има!” „Кога?” „Кога се губи надежта!”, одговори тогаш Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Безмалку бев го заборавил, а не смеев, зашто ми најавуваше дека се подготвувал да дојде во посета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тој спонтан порив да споделам, при таа егзалтација, бев го напишал и следното: „Ќе им докажам. Ќе видат тие кој е нивниот бог!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стануваше збор за едно речиште што течеше откај шумската куќа на падините на планината, потоа, што е најважно, двете шупурки од чешмата, арно богата и студена, како и војцата од едно мало изворче близу до чешмата, сето тоа беше го свртиле кон рибникот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А овој беше го искористил моментот да се затскрие зад столб, да земе здив.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пустата кременачка на Кулета, полна со волчки сачми, му ги наполни бутовите; па дури и десното уше беше го продупчила: таман за обетка да носи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Истото се покажа и со другите гости, што беа го оставиле оружјето кај што ќе спијат, та од сите шестина само заптијата го сопаша револверот — алтипатлакот и му го фрли на Толета пред нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но војводите за неполн саат, додека Толе се расправаше со Расимчауш беа го поминале селото Жиово и пак на старото место, на Жиовските ливади, се собрале и се ладеа на студената чешма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ризо, Петко, Ристе и уште седум осум други работници беа го развалиле огнот и се грееја, разговарајќи се за денешниот случај во тунелот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да го оттргне бегот сина си од ова влијание беше го испратил некоја и друга година во Стамбул на училиште, а тој се запиша потоа во военото училиште и со една група кадети отиде и проведе две години во Германија, та кога се врати, стана муљазим, а пред една година и јузбашија!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш Толе се јави од гробиштата, сега тој на аскерот в грб, та овој пак се врати во своите метеризи околу конакот и казармата, а селаните се разбегаа кој каде види по чукарите и си отидоа дома. III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША Толе остана сам со своите осум опробани другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гредите од куќата почнаа да пукаат, ќерамидите да паѓаат на таванот, но овој не се потпали наеднаш, бидејќи Јордан беше го засипал со земја за да му држи топло зиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа го разгледа од сите страни и го одгрна онаму каде што беше го продупчила косата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јован, бре, Јован, недер бу, што е овој, бре синко? — се провикна стариот мудур и го побара Јована, но Трајко веќе беше го втерал Јована во една одаја, та тој не можеше да го чуе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бимбашијата, којшто сето внимание беше го насочил кон сражението со Златков и Железаров, кога ги чу овие залпови просто се избезуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа беше го избрала него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сиве, без да сака, се обѕрна на сите четири страни, со уплав да не го види некој и да му се придружи, та да му ги земе половината.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѓузепе носеше бакенбарди и долги мустаци и кратко потстрижена коса, а природата беше го нагрдила и со црвена коса, и целата глава изгледаше како црвена маска на велики поклади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде, фудул Митро, мори, При твојата мака... Но како нож му го параше срцето нејзиниот одговор, кој беше го поместил самиот Тоше во последниот стих и тој со натажен глас го заврши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе а истутнеме зимата со овој човек,— се тешеа сите полчивци кога слушаа што се прави по другите мариовски села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нѐ испекоа живи агите, промрмори Јован, тресејќи се во својот ќош, колку нешто да проговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ова ги узбуни сите војници и им го повлече назад вниманието.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Севда го имаше заборавено сонот како што обично соништата се забораваат, но сега зборовите на мајка ѝ ја потсетија на сонот што беше го сонувала и во мислите пред себе го виде вишнеењето како до в небо на оној чадлив оган, чадот во кој се гушеше силата на голем и опасен оган, со матна, отровна темна жолто-зеленикава боја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Гркоманите беше го наклеветиле на властите дека го бунтува народот против султанот и ништо не помогнаа ни поткупите, ни молбите и ниту, пак, вистинските и честите свидетели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тој не им се лутеше, заедно со нив се смееше: беше го испратил еднаш, кога бил малечок, татко му Софре да ги паси гуските, а тој си дошол дома без нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оттогаш и оттаму беше измислена песничката за него, а тука, зашто беше вистина, немаше лутенка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овега, Јанкула, беше го испратил дедо му во Петроград во Русија за таму да се изучи за доктор, но тој беше преминал во Швајцарија и таму се оженил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа, неговото учителствување, и едно писмо кое беше го испратил до еден царигратски весник а во кое ги исмејуваше Грчиштата, грчките попишта, грчкото писмо и јазик, беше причина за неговото затворање.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И Селман брадатиот, татко му кому му пратил поздрав, без веќе да жали, бидејки за крвта на брата си беше го фатил, — глава му одзел на Али.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Јас ќе ти раскажам за нив, за нашите најарни херои кои подлегнаа сега сите под лутите рани: во борба непобедлив широкоградиот Јакуп којшто со подвижност лесна за папукот Карала беше го фатил ко кален на земја беше го треснал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А Фотина мртвиот в корито беше го клала; вода го потури млака што беше ја стоплила Неда, чекајќи пред малку жив да се искапи така.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А тогаш од водата некаков рибар што минал беше го спасил со сила.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Да беше го кажал порано ова, немаше да го праќам Анѓелета на печалба, а планина, в планина младите да се борат против кучиња!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога заврши магијата на жештината и кога времето стана пријатно, Рози седеше на плетениот стол на тревникот, што Кети беше го изнела за неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Освестувањето од она што тој беше го сторил, сега се искристализира во вистинско сознание, во цврст и болен факт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не можејќи да го расипе она што беше го направил, нешто за што знаеше дека е невозможно, она што најмногу го сакаше беше извесно ублажување на суровоста за тоа што беше го направил.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога идејата беше добро накисната во сета негова свесна мисла, тој повторно се соочи со нејзината реализација, дека, како и сè друго што сметаше дека треба да го направи, или пак што беше го направил, дека и за ова немаше никакво решение.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа беше го заборавила тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Самиот предмет беа го одобриле преку вообичаените канали и според вообичаените бирократски постапки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Европските кабинети, коишто, евентуално, би се замешале ако борбата беше го зачувале карактерот на востание, какви што историјата познава, не можат да ја земат страната на динамитарите коишто системно уриваат“167.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сѐ уште татко ми не бев го открила меѓу гостите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бев опседнат од чувство кое дотогаш не бев го сетил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
61. Да беа го направиле тоа, немаше зошто ние сега да се занимаваме со него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таму го затекнавме Тимотеј, чесниот верник и следбеник на Исуса, кој, откако се обрежа, го зедов при себе, та заедно учејќи ги верните христијани на она што бевме го договориле со другите апостоли и старешини во Ерусалим, продолживме низ Фригија и Галатија, славејќи го името Божје и јакнејќи ја црквата Негова на земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Никогаш порано не бев го видел толку искривен и шашлив од грижи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Салко Вадидуша го бутна земјеното луле во подарениот појас, Борис Калпак без разбирање погледна во мене како во соблазнител.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама не је вака, бре чоече, као што велам јас?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зер така било повела божја, што је прошетала сета земја и биела чумата луѓе: мажи, и жени на ден по многу стотници, дури и илјадници, за да викаат луѓето: - Себап - онан бог џан'на, на тој што се стори себап и се роди чумата!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Првио бил многу јак и многу побогат од другиот и беше го тепал многу лошо со нозе, беше го газил до газење, пред целото каве.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ете од што му е реченото од наречниците не можи да куртилиса, макар во волов рог да се пикни, што рекле стари.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се преправала на жена, на мачка, на јаре и друго.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
При с¯ што толку зло беше го нашло, пак од лошотиите не се остаал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога чу царицата тој збор, вечерта беше го опила царот со билки чемерики и беше го клала во една кочија, та беше си го однесла дома кај татка је.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога чула жената тие зборои и кога беше го поразгледала во лицето, во очите, цело било на неа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тога ќосето рекло: - Не, ние инако да сториме: да се надмамвиме и ако ме надмамиш, ќе ти даам од мое брашно и ќе ти даам и погача, а ако те надмамам - немат да ми сакаш брашното.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Треќи пат пак него беше го удрила, и кога виде царот оти сѐ ќелешо го удирала помалата му ќерка, при сѐ што ја милуаше многу, му се одмилило и со лутина је свикал: - Ај крши си глаата, ќерко, сосе ќелешо, да не те глеам пред очи, лели него го бендиса и ме устрами!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тргнала утрото да 'а бара по комшии, тука, тамо, тука, тамо, не 'а нашле и се вратила дома, оскорбена, веќе вармак беше се сторила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Барал вамо, барал тамо и беше го нашол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Однеси му го јагнево, а пак чорбаџијата нека ти го плати џигеров, чунки ете ти немаш да си го докупиш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од големата болештина Силјан летнал како некој стршен и отишол на куќа, та си застанал на левата нога да плачи лошата болештина од скршената нога.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И беше го крстил со едно име Најденко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден отишол на риби и му се погодило да вати една риба многу шарена; кој да ја види, ашик да се стори од што била рибата шарена.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Позастанал да гледат, што ќе и бидит на девојчето во срцето што је мрдат, и најпосле од тоа што је пизмел, ја удрил со клоца што да можи во срцето, и веднаш беше се родила чумата од девојката умрена и беше застанала на нозе просто и му рекла на царот: - Од поган татко сум се зачнала и од умрена мајка родена, за тоа кого ќе видам, ќе го испоганам кај скришните места и ќе го умрам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еден ден беше го одврзал за да му клаит мевлем и му го видел некој чоек што знаел ѓоа да лекуа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа стори малку џефа момчето, му кажало на царот оти татко му му кажал за тоа нешто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, виде сега, коа ти велев јас оти без мене ти ништо не можиш да сториш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ете што рекле стари: „Еден чини, илјада тегнет“.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Поткрени, мило чедо, шапчето да ти видам ѕвездата што бев ти ја видела коа се роди.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога ја видело син му од царот таа убаа девојка, срце беше го ватило за неа, арно ама немајќи леб и сол да је даит, си ошла девојката од кај што дошла и си останало момчето очудено.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На молбата од старио син му беше го кренал да го носит погоре во планината, арно ама го носел и тие зборои што му 'и рекол татко му сите 'и преживал во умот и си велел во мислата вака: „Проклет да би бил тој чоек што го сторил овој лош адет да си 'и носиме татковците во планинава и да ѝ остааме овде да умираат од глад, без да мисли оти што ќе стори, тоа ќе најди.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од тие зборои што му ѝ рече Неда на Велета, беше го пуштил штркот Силјан, и си одлетал на куќа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога си отишол дома, беа се зачудиле браќа му како излегол од дупката кај што беа го пуштиле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бре овде ќе се удаит гемијата, бре онде ќе пропаднат, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та коа се удрила од камењето, парче по парче се напраила; сите што беа во гемијата, се удајле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исврлило далгата на суо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И така одејќи од град на град, дошло дури во царцкио град и тамо веќе беше го допродало сето злато, та беше се сторило прв богат во тој град.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно туку проклетио цар, откоа беше умрело девојчето, беше го всилил, шу на негоото да му биди, и го затворил девојчето умрено во некој подрум, чунки во тие саати беше му се отворил еден бој од некој друг цар и собрал војската што имал сета, та отрчал тамо да се тепа и да го враќа другио цар, арно ама од лошотијата негоа ич господ не му помогна, ами војската сета беше му се истепала и полујната од земјата беше му ја зеле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Жената била разбудена, та слушала наречниците која што велела.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му зборуал, го прашал за едно, за друго, да видит што одгоор ќе му даит, одгоорот што му го давал, го сетил оти се избудалило, та беше го клале во една одаја, како под затвор да постои, дури да дојделе еќимите да го видат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно беше го видела момчето, и на срце беше £ останало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Заошто така да је напраиш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа беа го остаиле умо и к'сметот момчето, никако не беа се здружиле двата за да се видат и да си прогоорат помеѓу себе нешто за момчето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сега да стани, после да стани, еве го, ене го, пладнина беше го нашла.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Оф, да би господ ти платил, бре чоече - му рекол со полојна душа 'рсланот - јачејќи и плачејќи од болештината на ќотекот, што беше го јал; Ако знаев, оти ти си имал две јунаства, не беше возможно да се обложував со тебе јас да се борам, ами ај нека ми е за ум и за сите животинки за урнек, да гледаат од мене и да знаат, оти чоекот, ако е живо месо без заби и нокти големи, пак јет појунак од сите живи ѕверој на веков, чунки имат две јунаства, да 'и ваќа сите ѕверој и со другото да 'и тепа и отепа наместо, како што сум сега јас отепан.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Седнал под едно дрво, близу до патот што било под сенка, да си починит и го изваило треќото јаболко од пазуа, та го пресекло и еве ти една девојка излегла, уште поубаа од друзите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Де море ал, де!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така и тога беше излегло и се застоало на вратата, та беше го заглеало к'де се џарело и се хутарело детето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа видел син му од царот оти и таа девојка му избега, веќе не беше го изваил треќото јаболко од пазуа, да дури приближал близу до градот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно ама, што рекле Турците "шејтан пушт#, беше го убил човекот во лозјето наместо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Беше му текнало еден ден за девојчето, што беше го всилил умрено и беше го затворил во подрумот, да појди за да го видит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Поодило уште троа пат и го изваило уште едното јаболко од пазуа, та му се стокмило да го пресечи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Збивал, збивал, одвај душата си ја зел, од пусти страв што беше превидел од држењето на Велка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се чудел царот на тоа момче дека било токму богато, чунки една година време не му посакало пари, како што му сакале друзи таинџии на секој месец пари.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Многу време стојал Силјан на су(в)о ватен на штицата и сѐ му се чинело оти се носит на море.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Умот и к'сметот с¯ по него оделе и му помагале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тепала, тепала, дури сите погани луѓе и истепала и откоа беа останале чесните, си прешла во друга земја и тамо потепала.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, е е, честита царице, ете од сиромаио колку му работел к'сметот, дури да го обезумит и да не напреднит - је рекол царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Поминало некое време, и царот го заболеа очите; го лекуале; немало вајде од ништо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тоа проговорила чумата и беше го испоганила царот, татка је, та на часот беше умрел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вечерта секое дете беше си казало по дома оти Најденко од гемиџијата имало ѕвезда на чело.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Мајсторе, не го познав кој беше; едно момче беше со еден коњ, тоа играше и пак си отиде.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Талкајќи умот и к'сметот по ќеот нивни, се погодило еднаш да се стретат: - О, о побратиме уме - му рекол к'сметот на умоот - море како се изгубивме вака толкуа време, што не сум те видел!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со денеска, со утре, беше го теклифил еднаш царот да го стори таинџија за да му дават с¯ што треба за војската, и тоа беше примало, та се сторило таинџија и давало таин токмо една година време, без да посака пари од царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тоа рече Божин и замавна со остено на штркот, та беше го удрил по десната нога и од силното удирање беше му ја скршил писката од десната нога.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Без да знаи за ошто, влегла во одајата пред царо, та му се поклонила и штотуку беше го видела сина £ Најдена, беше го грабнала, та беше го измилуала и му рекла: - Мило чедо мое, кај си да ја видиш твојата мајчица кај лежит во темна зандана толку години?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ватиле да го тргаат и едно беше го виделе оти е тој: - Море ај да го пуштиме ќелешов удолу, нека го изеи ламјата, оти ет појунак од нас - рекол постарио брат на постреднио.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Повторно пак се наврвеле, сите да врват, и пак таа ќелешот беше го удрила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тогај дури беа кажале оти тие беа го врлиле в море детето, од завис дека имало ѕвезда на челото и наместо дете £ клале куче.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Судот го пресудил полјакот да го обесат, или да ја земи жената од убиениот чоек за жена, ама ако сакат таа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа чул царот оти момчето сакало да излези пред него, со радос беше го примал и се сторило дауџија на царот оти да го клаит во друга одаја, како под затвор.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Цареа ќерка беше го видела, и го сетила кое јет, чунким од некој ден понапред беше го видела кога му помагало на бавчеванџијата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Денеска, утре, си го доја срна детето и си го порасте; пет - шес години беше сторило, секаде околу адата си шетало и си играло со две камчиња бесценети што беше си 'и нашло покрај море.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Излегуање од одаја царицата со ќерка си, и ја спојмела мајка си да ја даит за невеста за тоа момче.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ај ој си и ти, чорбаџи, лекуј се со кромид и сол, кај што имаш модриње и чини доа оти те остаил жив овој чорбаџија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Имавме и триста улишча.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа собрал пишман аџијата сите бакшиши, се сторил аз'р за да одит во еден неделен ден на аџил'к.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море чедо - му рекол - што си нешто невесел овие два вечера?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Детето што го врлија в море беше го кренал еден талаз, та беше го однесол на една ада и беше ги исврлил на суо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синои Божиној само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно машко дете, му го викаа Велко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му рекол некој на царот да најди од вил (слон) млеко, да му турат две - три капки од млекото, ќе му оздрават.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тоа и југовината беше го свршила своето и отпатувала.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога измина сиот тој пламен, оставајќи по себе миризба на испрелена волна од неговото облекло и искрички, што шетаат по изгорените лисја гаснејќи, тој можеше да открие дека пламенот беше го зафатил скришум од него целиот пар, на кого беше запален, и сега веќе требаше многу мака за да го задржи во рацете сето тоа затлеано, трпеливо горење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Претседателот пукаше. Пукаше тој од својата автоматска пушка, со чија што цевка пред малку беше го здробил стаклото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наеднаш чиниш тој простор беше му го позел; тој простор чиниш уште пред тоа, пред тој да може да го знае тоа, беше му го украл сиот негов здив во своите недогледни глобочини, со мирна невидена плавна синевина, што го исполни сето растојание меѓу бескрајните брегови на неговиот поглед и простор беше го повлекол сиот него кон себеси, кон својата шир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Та тие беа го нашле некаде и сега го однесуваа некаде него; а она ритмично и претпазливо нишкање доаѓаше само од нивните куси чекори, со кои што одминуваа тие, внимателно однесувајќи го.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во својот живот, некогаш како дете, тој беше го јавал само магарето на дедо си.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Алија одеше бос по дворот. Не беше го видел, но тој го слушаше мекото шумолење на стапките.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор не беше го видувал, иако го познаваше сиот апсанџиски свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еден куршум беше го втасал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Треперам и не знам што ќе речеш кога ќе споменам дека ѝ го знаев и името, кое пред тоа никогаш не бев го чул.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Работата го обзема, па не ни забележа дека денот одамна беше го минал пладнето и полека почна да се губи зад ридјето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Цртите на лицето, очите, ставата, па дури и бојата на гласот, сето тоа беше го наследила од својата сакана тетка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Толку болен не беше го видела никогаш. „Кажи, Симеоне“, му рече. „Таа Марија, избега ли со тебе?“ „Не“, остана наведнати туѓ. „Една друга Марија избега од мене со него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јасер Арафат го повторуваше во нови варијанти повикот што беше го упатил на 13 декември 1988 година во Женева, пред американскиот амбасадор, во Палатата на нациите до своите Палестинци: Повелете, да склучиме мир со чесните!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На палестинскиот запад ништо ново: војна и мир, па мир и војна!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Своевремено Камилски му го позајми овој речник на Татко од кој тој извлече многу поуки, но неговиот пријател не беше го консултирал ниту речникот, а ниту предговорот, па сега се чудеше од каде му се на Татко овие сознанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеше за неа да се каже баш она што бев го прочитал некаде во некоја книга дека сѐ што е благородно, самото по себе е од тивка природа и како да спие, сѐ додека не го разбуди некоја противречност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ѕидот што беше го ѕидал Симон додека таму беше Лена, се познаваше од далечината, наместа повисок, а на други места понизок, недозавршен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И тотаму тогаш мајка и на Нешка се стори пред него и го откина од овие две разбеснети страчки, ги напади далеку, а страчето што беше го фатил му го врза за нога со едно сиџимче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста не само што не беше заборавила, ами во Солун беше го усовршила плетачкиот занает, плетејќи фанели на луѓе што ѝ плаќаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Анасана-аврадана" беше го оставил во конакот, гласот му беше мек, мазен, умилен, дури личеше на родителски, кога човек се разделува со своите најмили: — Ете — рече.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста беше го запознала Илка со овој план, но плашејќи се да не ја расипи сета работа, се истрча пред него и му одговори на Трајка, милувајќи си го Толета по главчето, кое мирно цицаше на левата града — Море ами . .. шо да велиме ние, браче Трајко?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму сега веќе Петре беше го разгорел оганот, се направил жар достур, а и пцалтот Кушо беше го преварил дедот поп и го изнесол „воскресението“ надвор да му тропа на дедо поп кога ќе почне службата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утрото порано Митра веќе беше го обесила месарникот со вода на верушките за да ги измие ваганките, лажиците, тепциите и грнето во кое се вареше петелот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но на Салила не му беше му било „пишано" тука да загине, та бајонетот во темницата беше го прободил лесно крај десните ребра и така жив беа го закопале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
До дома си појде трчанка, без да ги чека другите деца и уште од порта го фрли сакулето, го дигна ковчегот, зеде една поскура и сирење, што беше го донесол татко му од гробот на дедот Горета Дојков, и излезе на чардачето да повечера Гризејќи од поскурата и сирењето, не можеше да се смири.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го напушти она детинско настроение и веќе одамна беше го напуштил своето друштво и одеше секаде сам, воден од своите едни и исти мисли: како ќе се ослободи од овие синџири?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бојана, која беше го довела Толето, стоеше крај Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По некој пазар и друг се сретнаа новиот „грчки" поп Илија од Бѕовиќ, кој штотуку беше ја наметнал камилавката, со исто така новиот „бугарски" поп Пројчета од Вепрчани, кој заправо се враќаше од Велес, каде беше го запопил владиката Мелетија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред нивни очи еден Велигден на сретсело во Новаци бегот беше го спружил еден од своите чифчии и двајца од сејмените со ќаата му броеја по дваесет и пет по голо месо што им проговорил на чифчиите да не одат барем тој ден на пченка садење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бев го­лем застапник на брзото потпишување на Договорот за Светската трговска организација, под услов тој да важи во целиот свет и да предвидува компензациони мерки.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа рече Божин и замавна со остенот на штркот, та беше го удрил по десната нога.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога беа го довршиле муабетот, легнале и си спале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Од тие зборови што му ги рече на Велета, беше го пуштил штркот Силјан и си одлетал Силјан на куќа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тогај беше го проколнал старецот сиот народ што се наоѓал во нашава земја: "Ох да би Господ ве судил деца, им рекол, што ме отепавте на правина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синови Божинови само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тие и други зборови беше рекол стариот и беше си умрел, и тамо беше го закопале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дури си мислел така Силјан, сам беше го оставиле во една одаја луѓето, чунки ошле да ги наранат имањето.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во овие записи без детализирања, дури и без истакнат личен однос богобојазливиот запишувач за случувањата што се предмет на нашиот интерес беше го употребил впечатливиот термин наезди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
ТЕОДОС: (Со здржан прекор.) Е, тоа, измеќарот мој, да си го правиш твој... Не е ред...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Помислив еднаш да се вратам, и така бев го заборавил клучот в цеб...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А кога на себеси пак се повративме беа го однеле в двор.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
„Простете“, - го прекина ученикот кој беше го поставил прашањето, „кога велите мерење - претходно зборувавте за застарена апаратура и технологија на мерењето.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А денот, како што реков, ни почнуваше со тоа што сè некој ќе имаше да раскаже некој сон што беше го сонил претходната ноќ.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мајка ми уште не беше го затворила телефонот кога јас се „нацртав“ пред нејзината Редакција.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Значи, тој беше го открил. Знаеше дека страда. Уште повеќе знаеше дека тоа страдање ќе го доведе до луди потфати.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)