бев (гл.) - чита (гл.)

Татко ми не беше премногу воодушевен од своето дело, се прекоруваше оти не употребил некоја од техниките за кои беше читал во еротските магазини што му ги носеше вујко му од Австралија, но знаеше и што значи за родителите машко дете - само проблеми и грижи, а богами, го имаше за пример шурата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се сетив на онаа потреба на Бога, како што бев читал еден божем полушеговит текст, да го создаде светот од себични причини, од потребата да биде обожуван и од потребата да има некого в рака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И изгледаше многу покорно, иако знаеше дека таквото кажување ќе ја трефне, оти беше извадено од една црковна книга во Свети Ѓорѓија - Горг што ја беше читал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На првиот допир со гласот на кучката, останав занемен и вкочанет, иако за такво нешто знаев, бев читал и на филм гледал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)