бев (гл.) - сфати (гл.)

За разлика од Винстон, таа го беше сфатила внатрешното значење на сексуалниот пуританизам на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одамна беше сфатено дека единствена сигурна основа на олигархијата е колективизмот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Експресно после овој настан, кој во очите на корумпираното раководство беше сфатен како опасен преседан и провокација, почнаа и „очекуваните“ притисоци и проверени методи на заплашување: тие, еден по еден, беа викани во канцелариите на погонските директори кадешто, нај- безобразно и недолично, беа уценувани и заплашувани да прес- танат со синдикалните активности и со „подбуцнувањето“ на останатите вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, новиот „инвеститор“, кој веднаш си најде свои полтронски соработници меѓу поранешните раководни структури, само ги испразни фабричките магацини од робата којашто вредеше милиони евра, а не даде ниту денар за осовременување на производството или, пак, негово зголемување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, за брзо време старите проблеми пак се вратија и работниците почувствуваа дека нивните надежи се изјаловени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По неколку недели, Марија стана свесна дека тој, нејзиниот сопруг, нејзиниот Хелвиг, врската со неа, во овие години заеднички живот, ја беше сфатил како врска која трае сега, но дали и утре, или можеби - целиот живот, - тоа ќе види. Сѐ до нејзината бременост.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Или само умешно ми парираше?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
При самата помисла за една ваква можност сиот се наежавив!) Всушност Б.С. беше сфатил дека и јас барам причина да си заминам и уживаше во сознанието дека немам храбост да го повторам она што тој веќе најави дека ќе го стори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, мојата Катерина премногу сериозно ја беше сфатила играта во која ја вовлекував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно тој веќе беше сфатил дека страста на Јана тргнала во некоја друга насока!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ваквите тврдења никогаш не беа сфатени сериозно – за време на својот долг живот Р ги избегнуваше новинарите и не беа зачувани никакви снимки или фотографии од неговиот нос.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А татко ти, онака смотан, навистина не знаеше ни честито да се насмее иако убаво ги беше сфатил зборовите на дед Павел; само прогрофта нешто, промолви, изломоти, но зборовите не ги пушти да заживеат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кутриот, не ја беше сфатил иронијата во нејзиното прашање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)