бев (гл.) - стапне (гл.)

Изгледа му замераше дека толку години овој не беше стапнал во родното место. И одвај го кажуваше неговото име.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со самото тоа што никој од роднините на мама не беше стапнал во куќата откако Вера е дојдена, и беше јасно каков е нивниот став кон неа и кон женидбата на татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога се најдов со него на вишинката на кај манастирот Свети Наум и му го покажував родниот Подградец, во кој не бев стапнал 37 години по моето заминување и за ноќта кога ја минавме невидливата граница под Езерото, Махмуд Дарвиш внесено, и со поглед претопен во синевината на Езерото, ја слушаше мојата вистинска сказна за змејот и границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чувствувам дека силно нѐ поврзува приврзаноста за нашите мајки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Доктор Миха во моментот ги откажа натамошните приеми и прегледи, се погледна дали е доволно спастрен за да се истопори пред власта, и јурна со колата кон полициската станица за која приближно знаеше каде е, но во која никогаш пред тоа не беше стапнал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Речиси, повеќе од два месеци не беше стапнал во Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)