бев (гл.) - спушти (гл.)

Чувствував нешто како неволно подзапирање на одот; чекорот постојано ми задоцнуваше; како да нема ускладеност помеѓу него и мислата што го води.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Талогот на матежината се беше спуштил на дното.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ноќта ја помина на некој висок рид. Ја бркаше месечината, што од непознати причини се беше спуштила речиси на дофат, но при секој негов обид да ѝ се приближи таа отстапуваше токму онолку колку што тој мислеше дека ѝ се приближил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Поради големата бучава и прав станарите ги затворија сите прозорци, сите балконски врати, и сите ролетни беа спуштени.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Беше многу стар и се беше спуштил сѐ до подот; во матната светлина изгледаше црвен и валкан.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На мостот, на стражарската смена, стоеја двајца турски војници и еден муљазим46).
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Високо, од небото, сонцето печеше како усвитен вршник. Над градот Скопје се беше спуштила тешка жешка омарнина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)