бев (гл.) - сочува (гл.)

И порано ми доаѓаше вода во уста при помислата на неделните ручеци со пастрамајлија, чиј вкус од детството ми беше сочуван во најдлабоките клетки на непцето, но сега, по прв пат, некоја нездржлива сила ме натера да се облечам, да седнам во колата, по два часа непрекинато возење пристигнам во градот и во една од фурните да нарачам топла пастрамајлија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во тоа му помогнуваа и неговите преморени зеници, во кои, со некоја магија на белината и пренапнатоста, како на филмска лента, беа сочувани сите движења и сето оддалечување на оние двајца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Работеше нешто, повеќе белешкареше, за она време додека Змејко беше бригадир на градежната бригада, тоа време имаше доста такви белешкари и евидентичари, крај оние што работеа и што се натпреваруваа, а кога Змејко откажа да остане бригадир, тогаш уште првата утрина старецот ја изнајде некаде и ја зеде под мишка една стара заборавена и извалкана од рѓата синдикална книшка од 1922 година, што се беше сочувала меѓу алатите и отиде со неа кај Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но сето време додека го изведував овој утрински ритуал иако те немаше пред мене, иако не ти го слушав гласот, чувствував, знаев дека постои тоа место од каде ме гледаш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го излижав шеќердисаниот сок што се уште го беше сочувал вкусот на планински јаготки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Освен тоа, беше сочуван нацртот на знаците, нивните имиња и насоката на писмото од десно кон лево, што се комбинираше со насоката од лево кон десно во секој нареден ред - бустрофедон начин на пишување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа е постигнато со замена на семитските консонантни значења на одделните знаци со соодветни вокални значења на грчкиот јазик и со преобразба на некои консонантни значења од семитскиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Инаку тој им припаѓаше на оној ред поарчени првоборци што сепак ја беше сочувал припадноста кон власта и ги уредуваше утринските вести на радиото, а неговиот работен ден завршуваше таму негде кон 10 или 11 часот претпладне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа заседнуваше во Визбата на Тиквеш, на аголот на ул.Карл Маркс и булеварот ЈНА, кај Иле Битолчанецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)