бев (гл.) - собере (гл.)

А кога се врати во собата, во која веќе бевме собрани сите, таа го погледна Татко кој ја очекуваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Милев дека сите малери се беа собрале околу мене, сложно се фатиле во стега, ме приклештиле, причинувајки ми таков студ и тешкотија од немам излез.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Една квечерина кај бабата со убавиот двор се беа собрале многу од децата и се беа разиграле врз зелената тревичка. Тука беше и Тарик.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во еден момент со наполнетата сурла со вода направи вистински туш, со кој ги избања сите што се беа собрале наоколу да гледаат.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Сам се зготви за пат, оти товар немаше, оти уката од небото и земјата ја беше собрал, од таа книга вечно отворена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Другиот ден, во одајата на логотетот се беше собрал целиот старешински совет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Многу народ се беше собрал, ја гледаше таа ситуација со огромно внимание и бурно се коментираше од сите страни.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Татковците тогаш ги беа собрале и копаа ровови и сечеа дабови, буки и борови и градеа бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И ни вели тој на сите како што бевме собрани во училиштето: кучиња повеќе во селото наше нема да има! До едно мора да бидат поштомени.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше и Ное, оној кој пред Потопот го беше собрал во кофчегот своето семејство, „и сите ѕверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадови, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и сѐ што лета, според родот негов, птиците сите и сѐ што има криља“; само за нас четирите немаше место на списокот на нашиот брат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме собрани во училишниот двор и чекавме да влеземе - да ги земеме свидетелствата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Показала свјатаму Григорију сите хубавини на тија домови и богатство духовное сос многу захмети што беше собрал свјатиј Василиа, наслажденија и славу, и турли турли садови сос златнии листвие.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ги беше собрал среде Поградец еден ден, во петок, на одбран ден, сите градски моќници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еднаш, еден пленик беше собрал од крвта во каначка и ја топли на едно завалено оганче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Френк- приказните се појавуваа во Вудринговите стрипови, во антологиските серии (Hyena, Pictopia, Snake Eyes) како и на неколку неверојатни места, како на пример The Milenium Whole Earth Catalog и на Hot Wired World Wide Web site; најраните приказни беа собрани во книга едноставно наречена Frank.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не зборуваше со бесот и непријателството што се беа собрале меѓу неговите масивни ѕидишта и кули, ниту во неговите поплочени улици и тврдини преполни со механизми.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)