бев (гл.) - смести (гл.)

Под тенките црти, накосо поставени веѓи, во очните отворени беа сместени малку подиспакнати црни очи како цреши, скоро секогаш ококорени, како да беа на штрек за набљудување на сѐ наоколу, ништо да не се пропуштело!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Само Калето опстојуваше во времето, макар и тоа растресено и осакатено од земјотресот, со разурнатите жолти касарни во кои, на крајот, беше сместен Музејот на Револуцијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И војската беше повлечена во касарните. Нејзиниот главен дел беше сместен околу Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По него, два коња ја влечеа мртовечката кола, во која беше сместен мртовечкиот сандак со покојникот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ех, каде најде сега да умре сиромашкиот! - тивко шепотеа луѓето и го жалеа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Не знам колку кутии сол тие денови, од онаа од половина килограм пакувана во кутии од бел картон со втиснати сини букви, оставав како ненамерно во просториите каде што беа сместени работниците и кутиите ги наоѓав празни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во таа соба беше сместен еден офицер, а не знам што чин имаше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Еднаш ја заклучија влезната врата од куќата во која беа сместени неколку фамилии и го фрлија клучот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа се состои се од 100 идентични сиви метални рамки во кои беа сместени околу 400 црно-бели фотографии и фотокопии како и три брилијантно колорирани монохромни плочи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во ДИА, инсталацијата Арена овозможи сосема поинаква слика на активностите на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа вечер, пред да се затварат вратите на Изложбата, со моите пријатели се упатив со такси од Версјските врати кон „Сен Лазар“ во „Амстердам“ улица, каде што беше хотелот, во кој бев сместен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа и мулазимот оваа ноќ постави стража и одреди патрола само за долно маало каде беше сместен аскерот и тој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стражарот го забележа огнот од цигарата и ја зеде пушката на готовс, но знаеше дека кој чури цигара не е лош човек, та го дочека на десетина метра пред него и силно викна: — Ќим с'и сен (Кој си ти?) — Бен'м коџабаши (Јас сум кметот) — одговори Илија и му се приближи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таму беа сместени дрвата, а по ќошињата имаше и некои греди, пратја и алати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оттаму и мојата додатна согласност на погребот да присуствуа секој што ќе пројави желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во една таква мала цепнатинка во која како да беше сместено и нејзиното двоумење јас ја открив дозволата да постапувам толку слободно што да можам дури и да се предомислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Причината за да се појавам не само како сведок туку и како поединец кој покренува обвинение, не беше само скапоценоста на семејниот ѓердан на Цвета Басотова, туку и споменот по едно изминато време што го бев сместил во преградата на скапоценостите и раритетите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, не донесувајте преуранети заклучоци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаењето и сфаќањето му беа сместени во мислата и беа неоспорни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На ѕидовите, освен на оној крај, каде што беа сместени бурињата, имаше полици на кои беа сместени тегли со храна од сите големини и видови, стаклени тегли со џемови од по шест унци, па до тегли со туршија од по два галона, затворени со онаа жолта хартија со форма на рог, за која Даниел ја имаше предупредено мајка си.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во Идн Парк, во кој се пресели и во кој, наспроти неговиот феноменален раст сѐ уште се чувствуваше воздухот на природата околу него бидејќи овде-онде имаше рамни ниви, среде блоковите од куќи што беа од ранчерски вид, канцеларијата на доктор Станеф беше еден кат погоре, но во сосем нова зграда од тули во која на целиот кат беше сместен супермаркет со стаклени врати, кои сами се отвораа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бланш, изолирана од просторот каде што беа сместени таблите со концентрични кругови, џубоксот, машините за играње со топчиња и автоматот за цигари - можеше да служи оброци по поволна цена и едновремено да води и профитабилен бизнис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Клупата не беше удобна, а таа не знаеше од кои причини Кети го постави плетениот стол на тревникот, но нејзе оваа клупа ѝ се допаѓаше затоа што таа беше сместена крај малата воденичка за мелење на жито, која ја пееше својата таинствена песна, и беше поблиску до бавчите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еден прашливосив автомобил што беше затворен и изгледаше ужасно, беше сместен блиску до влезот, над кој името на местото беше карактеристично напишано, со демодирани букви од гранки од нелупена бреза.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тенџерињата и тавите што блескаа, чиниите што беа сместени во шпајзот за порцелан, редиците чаши што беа на полиците, сите предмети во кујната, во трпезаријата и во гостинската соба, изгледаа како да знаат дека се сместени таму затоа што Кети сакала да бидат таму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја слушнав како ми рече: - Софи одкако виде си заминавте откај нас се сменија уште некои девојки кои што го чуваа Патрик и беа сместени во таа соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Општинската зграда со големиот часовник, улицата што сега го носи името Анастас Дурсаку, сивата зграда во која бевме сместени и скоро недопрената од новото време - кралската палата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секој ден бараката во која беше сместен Иљо со Иљовица и со стариот, скоро неподвижен татко, беше оди ми, дојди ми.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бевме сместени во бараки, некој вид касарни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Тоа беа некои магазини и коњушници во кои беа сместени нашите. А погледни на кај полето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На дното на бродот беа сместени луѓето со веќе заздравени рани, додека во кабините беа тие, на кои требаше да им се прават преврски.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, откако беше сместена во таа соба пред неколку месеци, не проговори ништо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некоја од жените од собата во која беше сместена Добрата Душичка го имаше отворено прозорецот и викаше на сет глас: „Луѓееееее!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На секои неколку чекори Сара нѐ замолуваше да подзастанеме, не затоа што ѝ беше тешко да оди, туку затоа што сакаше да се загледа во оние нешта покрај кои ние минувавме без да ги забележиме, затоа што беа дел од нашето секојдневие: мајка и дете седнати на клупа им фрлаа трошки на гулабите, сликар стоеше покрај штафелајот и сликаше една бреза, девојка водеше под рака слепа старица и ѝ раскажуваше за светот што се пружаше околу нив, две деца копаа во земјата со рацете а нивниот татко читаше весник и не забележуваше како тие пронаоѓаа црви, млад човек се беше сместил како на фотеља на гранката на огромниот даб и потсвирнуваше, момчиња играа со топка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја одведуваат Добрата Душичка! Луѓеееее! Излезете да се збогувате со Добрата Душичка!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Колку многу среќи на едно место,“ рече Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Џарав со погледот, како што, веројатно, и тој џарал по лицата на посетителите, и така, во миг, погледите ни се сретнаа, а од неговиот поглед ми се одзеде здивот, зашто остро стрелна и страотно влезе преку моите очи, до темната одаја во моето сеќавање, кај што се беше сместил уште со мигот на првото сеќавање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Накрај, покажа признаци на гробно воодушевување погребената утринава госпоѓа под катафалкот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Лебезјатников, затоа што ласкавиот и омразен од мене надворешен советник кој беше сместен покрај генералот Первоједов, се викаше Лебезјатников - тој мошне се врткаше и се чудеше дека овојпат толку бргу сите се будат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сиот затворенички свет беше сместен во седум кауши, нагмечени без мерка и ред.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Томо беше сместен во болничкиот апартман кој му го обезбеди Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако стигнаа, беа сместени во спортскиот центар на Кошутњак, а потоа секој по своја желба го разгледуваше главниот град.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На истата страна од масата, во првата фиока, беше сместен двоглед од руско производство (“зделано в СССР”).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше договорено, право на прашање или реплика да има само Тихомир кој секогаш на предавањата седеше во првата клупа, на крајот, од десната страна, во редицата во која беа сместени осамените срца од педесет до шеесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во двете соби, од кои едната продолжуваше во ниша изделена со ламперија, беа сместени неколку ниски тапацирани столчиња и една табуретка, меѓу нив дрвена масичка, креденец со три реда рафтови, шкаф за облека, трпезариска маса со неколку високи столици, како и два железни кревета кои некогаш ги користеле чуварите од фабриката „Металски завод“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На горниот дел од тестената маса, што продолжуваше до тилот без ниту едно влакно коса, беа сместени широко отворени костенливи безизразни очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека гостите, со помош на организаторот Ниротакис Алимакопулос, ги заземаа своите места крај масите, Ласте Думбаровски беше растрчан меѓу нив делејќи им најлонски кесиња на кои, од надворешната страна, веднаш под стилизираниот амблем на „Здравје“, беше напечатена негова фотографија, крупен портрет во погледот исполнет со грижа за здравјето на народот, а во секое кесе, во тенка лимена рамка со димензии 30Х30 сантиметри, беше сместена фотографија со мотив на трн, најчесто магарешки.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Џулија веќе беше сместена на својата страна од креветот и изгледаше како да почнува да тоне во сон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нив беа сместени министерствата меѓу кои беше поделен целиот владин апарат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој беше сместен во интернат во АНН Арбор, студентски град во близина на Детроит.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ресторанот беше сместен во една мала селска куќа, наоколу со градина во која имаше засадено секакви растенија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Навистина верував во тоа. За мене најконфузниот период од шеесеттите беше сместен во последните 16 месеци. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 233
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Така постапувал и кога ќе излегувал од зградат во која беше сместена дирекцијата на ЈугоМак.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За време на својот развлечен престој во Битола, авторот беше сместен во една не многу пријатна собичка на третиот кат на хотелот Епинал. Беше на умови што да прави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Хотелот каде што беше сместен им се вика „Сириус“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На сосема неумесен начин те бев сместил во кампот на неупатените.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Секому му е познато дека во тие години токму во нашата земја беше сместен Пеколот, или барем некој негов дел, третиот, петиот, седмиот, но во секој случај барем еден од неговите девет кругови.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во влажната внатрешност беа сместени органите од бакар, месинг, сребро, алуминиум, гума и свила, пајаците испредоа златна мрежа и ја прицврстија во кожата; срцето беше сврза-но, во коскеното лежиште беше сместен мозокот од платина што ѕунеше и фрлаше искри од синкаст пламен, а низ телото, до рацете и нозете беа спроведени жици.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дури бев пресметал во себеси дека зајменото ќе можеме да го вратиме за месец или најдоцна за два, а самиот настан го бев сместил помеѓу оние мали авантури што барем до случајот со столовите немав храброст да ги престорувам живот но затоа пак постојано ги смислував и ги оставав слободно да шетаат низ мојата фантазија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
В ред, в ред, можеби присутните во оние произволни тврдења на Николина Кралева што беа изнесени во форма на неуверливи претпоставки можеби согледале вина и грдо однесување од страна на мојата по малку чудна личност божем наклонета кон тривијалности и недолично однесување; можеби им биле прифатливи и таканаречените љубовни авантури со несоответни личности (ова обвинување всушност ми годеше иако спаѓаше во оние таканаречени голи измислици со оглед на моето сиромашно љубовно искуство кое во тој период сѐ уште беше сместено во одделот желби и соништа) итн.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А јас токму отсутноста ја бев сместил помеѓу состојбите чие што постоење е незаменливо при избегнувањето на недоразбирањата, и сериозно сметав дека нејзиниот благотворен придружник е смиреноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Германската филмска ѕвезда, Ани Ондра (Anny Ondra) одвај зборуваше англиски и бидејќи дублирањето, како денес, тогаш не постоеше, нејасните места ги снимав со помош на англиската актерка Џоан Бери (Joan Barry), која беше сместена во кабина надвор од кадарот и која го зборуваше дијалогот во микрофонот пред себе, додека г-ѓицата Ондра само ја отвораше устата, како да зборува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во главата на Х беа сместени три слики: раззеленета врба, клупа во парк и замаглена женска силуета.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во нашата куќа беше сместен некаков штаб. Не знам каков.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
БОРБИ ВО КАЧАНИК, КОСОВО Првиот пат кога бевме во Качаник, таму беа само Албанци, немаше Срби, бевме сместени покрај патот и често на тезгере носеа мртви, а воедно и снопови слама.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Претходната вечер еден наш раководител и стар партизан, малку се оддалечил од штабот што беше сместен покрај реката до џамијата, па го фатиле балистите и му ја ставиле главата во вода, толку колку устата да му се наполни и побегнале.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сите ме убедуваа дека тоа ми е понудено како заслуга, и дека ќе ми биде подобро.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Одевме во овие градови и пак се враќавме во Тетово.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа ме свести и во истиот момент посакав да се вратам во куќата каде што си бев сместена. Тоа и го сторив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ме исполнуваше и тоа што дуќанот беше сместен на сред Трговски, на кое место постојано имав контакт со луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Завршив со работа и после полноќ отидовме во дворот каде што беа сместени момците.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дојдовме до неговата соба, каде што беше сместен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Стоевме во влезот, зошто не сакав да седам со него во станот кај што бев сместена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)