бев (гл.) - свикне (гл.)

Но тој веќе беше свикнат да го раздробува тој бес во своите мускули, секја утрина повторно упорно и повторно лудечки загазувајќи во длабокиот снег и цепејќи го неговото море со своите чекори во по неколку бесмислени круга околу пиланата и враќајќи се од таму секогаш полн со една безумна насмевка во своите очи, тоа беше само оној, големиот Ристан, дојден во него, секоја утрина повторно извлечен од заборавот, како првпат сретнат, збеснет и див.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се беше свикнал на него.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Нејзините зборови не беа онакви какви беше свикнал.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој застана дури за еден мал получекор понапред, се сврти некако вкосо, и си читаше мемолејќи со усните, зашто никогаш не беше свикнал да чита сосем во себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се беше свикнал со моето редовно добро учење и тоа прашање скоро го поставуваше по навика.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)