бев (гл.) - распне (гл.)

Го побара крстот зашто не него беше распнат Христос и маките човечки, зашто најповеќе ѝ личеше на клуч, онолку голем и значаен, колку за Дверите небесни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тома ? - Нешто слушам - ништо не гледам. - Ме слушаш мене и ме гледаш мене: целиот во лузни од клинците со кои бев распнат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А покрај црквата некогаш течеше кротка вода И вишеа стебла ангелите кај што беа распнати И беше тихо месечина во крвта како да ти угрева.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
И тие се свети - рече игуменот, - зашто од дрво на липа беше направен крстот на кој беше распнат Исус Христос...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во моментот бев распнат, бев страдалник. Чувствував вина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еразмо беше распнат меѓу два пата, прикован за сопствениот крст, кој му тежеше; покрај тоа што знаеше дека мора да го носи, беше немоќен да излезе на крај со неговата тежина, со тежината на своето сопствено физичко тело, со сето она што телото го бара!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)