бев (гл.) - разбере (гл.)

Истото, како препорачано, беше враќано до испраќачот и назад, сѐ додека поштарот не беше разбрал за новата адреса на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од „штрокавата“ многумина беа разбрале дека дипломирал и дека од тој момент му се губи трагата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Елена беше разбрала дека Марија, набргу откако се сретнаа и ѝ го претстави вереникот, Германецот, се омажила со него и заминала да живее во странство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дека таквите непристојности немаат никаква тежина се до оној момент додека не остварам личен увид во материјалните докази.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира побрзав да му објаснам дека не сторил ништо лошо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се обидуваше несреќникот да се измолкне од ѓолчето, (меѓувреме сигурно беше разбрал дека Кире е префрлен во кадровското на Републиката), од она обично ѓолче со плитка вода а всушност сѐ повеќе заглибуваше во една прилично длабока локва со кал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Амбасадорот на некогашната голема во мала земја, а сега на мала во голема земја се соочуваше со реалноста. Не инсистирав на одговорот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не знам како ќе бев разбран. Ја избрав тишината за сојузник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога беше разбрал царот сакањето на ќелешот, беше му дал три орли: еден бел, друг црн и треќио црвен, за да го изнесат на горна земја.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Уште со мнозина чорбаџии што беше се стретил, на сите беше му се валел за џигеро што беше му го купил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Еќимбашијата кога беше разбрал оти прсто на касапо беше му оздравел, му ватил јаката да му сака бакшиш, дека му оздравел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ама лели арно сторив?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ќе зјапав во лап топот и ќе си го изгорев јазикот од првото утринско кафе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Бездруго ќе му пратев еден електронски поздрав на Владимир Пиштало и на некои други пријатели кои брзаат да фатат ред за темата смрт во Венеција, ќе му мавнев отпорано на оној оџачар на покривот кој многу личи на Фелини и кој уште не беше разбрал дека секоја година зимата доцни во Венеција.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)