бев (гл.) - проследи (гл.)

Но таа општа констатација беше проследена од сосем различни чувства кај двајцата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Говорот на очите само беше проследен со повремени грчеви на лицата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рози ги слушна чекорите на Милан кој одеше по скалите, звукот на секој чекор беше проследен со одмерена пауза - бавно, претпазливо слегување на старец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нема да ги спомнувам другите поединости кон кои упатуваше поткренувањето на раката што го водеше мојот поглед кон тумбата, бидејќи уште веднаш сфатив дека нејзиниот избор не беше случаен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сетив дека тој миг беше проследен од секавицата на задоволството што помина по нејзиното лице; а ваквото чувствување на моментот беше означено и со успорувањето на нејзиниот чекор кој и без тоа беше прилично бавен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најнапред заблагодари се. Потоа причекај.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секој нејзин збор беше проследен со писклив потсмев што Самоников одвај го задржуваше помеѓу забите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, и како што следува, ваквиот совет беше проследен со конкретен пример: - Ако си гладен и ако те поканат да седнеш на преполна софра, не мораш веднаш да се стрчаш да седнеш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А токму тој повик беше проследен најпрвин со потсмев а потоа со ракоплескање! Господе, господе, дали е можно тоа?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)