бев (гл.) - проникне (гл.)

Со занес го слушаше Игора Лозински, кој беше проникнал длабоко во природните тајни на Езерото, а во неговата свест проработуваше силниот механизам на асоцијациите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, кој изворно го знаеше турскиот јазик, како мајчин, внимателно го слушаше Камилски, како успешно ги изговара турските зборови и како беше проникнал во нивното присуство во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, како и Татко, автодидакт во лингвистиката, по свој пат доаѓаа до сознанието од науката за постоењето на балканскиот лингвистички сојуз, до кој не беше дојдено со некаква присила или мировен договор, туку според логиката на долготрајниот соживот на балканските народи со различни јазици, вери, националности, обичаи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бешир како да беше проникнал во текот на мојата мисла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бешир ме оттргна од сината размисла: - Се сеќавате, амбасадоре, пред три години од ова место го здогледавме Титовиот брод Галеб кој потоа пристана во блиското пристаниште на Ла Гулет!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)