бев (гл.) - притисне (гл.)

— Е, море, ако свршат работа тие, како ќе се јавиме — јавиме, па и нека не обесат нас, туку да не излезе и нивната како нашата, та да не не збере никоја — пак песимистички проговори Пере, ја наведе главата и длабоко се замисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тие се, тие, нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите — му се испушти и на Ацев радосен извик, макар да беше притиснат и тој како Перета од денешниот неуспех.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рамото на девојката и нејзината рака сѐ до лакотот, беа притиснати до неговата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Насетував како А.А. се двоумеше: од една страна сакаше да го продолжиме дијалогот, а од друга страна беше притиснат, заплашен од Х.Х. да не оди предалеку во своите претпоставки па да ги испомеша работите, да ја збуни Централата и да ја принуди на радикален потег.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потем сѐ се случи многу брзо: експресот се појави зад кривината со страшно трубење; машиновозачот беше притиснал на сирената, затоа што јас стоев на пругата, а Јан Лудвик, расчекорен на самиот врв од мостот, со раскопчани панталони, со фалусот во рака; јас потрчав десно од мостот и се стркалав по насипот; се сопрев дури пред реката, во една грмушка; локомотивата протатне под Јан и веќе влегуваше во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По тоа Вадим потполно се смурти; лекарите му припишаа шизофренија; но тој одеднаш едноставно затапе за математика; тоа го беше притиснало како вошка; дури почна да плаче, се сеќаваше на своите „халуцинации“, се обидуваше да предложи нешто корисно, но испаѓаше немоќен, како некакво учениче.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа излезе од таму без дијагноза, формално здрава, но до крајот на својот живот постојано беше насмевната.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нему, да речеме, повеќе му се допаѓаше пристапот на Италија, каде што Евреите беа притиснати кон маргините на општеството и замолчани, не и правно, стопански и фактички прогонувани. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Танаскоица, за која тој знае дека знае што ѝ е на момата, како да стана сојузник со Пелагија, не ја отвораше така често својата уста, а кога ќе беше притисната од грлениот глас на Танаско како од надојдена река, таа само проломотуваше Ки дое ред, ки са виде!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се враќаа сакати, алипни и сиот бес за маките што ги тргаа во редовите на царската војска, ги истураа на рајата што ја беа притиснале при завладувањето на нивните чифлизи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Никој не беше притиснал за третиот кат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)