бев (гл.) - принуди (гл.)

А ако во работната книшка2 не беше заведен овој неколкумесечен период како работен стаж, работничката нема да можеше да биде пријавена во тогашниот Завод за вработување (денешната АВРМ) и да ги ужива правата кои и следуваат по основ на привремена невработеност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работните услови во АД „Охис“, на почетокот од вработувањето, беа релативно добри – за потоа, во текот на транзицијата, да почнат сѐ повеќе и повеќе континуирано да се влошуваат: на пример, вработените немаа ниту греење, ниту ладење – па зимно време работеа на температури под нулата, а на лето беа принудени да ги поднесуваат жегата и пеколните горештини; мензата која порано одлично функционираше сега е затворена и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ангелеска de facto беше принудена, под присила, да се потпише дека ги примила тие средства, со ветување дека тие отпремнини нејзе и на останатите работници ќе им бидат исплатени подоцна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Љ Н беше член на Синдикатот на хемија, метали и неметали – гранков синдикат при ССМ, којшто своевремено им пружаше помош и им излегуваше во пресрет на работниците, но подоцна – поради корумпираноста, нечовечноста и свесното игнорирање на очигледното континуирано кршење на работничките права – тој длабоко се разочара и изгуби доверба во него, па се откажува од синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сега веќе и браќата беа принудени да работат.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Удри в грб на Толевци и овие беа принудени да се повлечат без свршена работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедот Коле пропука на казармата и гледајќи дека главната сила, што ја предводеа војводите откон гробиштата, се откажа од борбата, и тој како Толета се повлече и ги фати блиските чукари „Шупливец" да гледа што станува в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поголемиот дел од нив беа принудени да заминат и најдат прибежиште во земјите од Источна Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 31 декември 1946 година, Президиумот на Уставотворното собрание на НРМ го донесе првиот Устав на Народна Република Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според него “селаните беа многу непријателски расположени и бевме принудени да преземаме долги форсирани маршеви без храна и одмор“ што “непотребно ги ослабнуваше партизанските операции“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Така, за да ја продолжи играта, филологот беше принуден да пречекори некои ограничувања поставени од неговата сопруга.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Требаше да се разберат овие луѓе кои роп­ство­то беа принудени да го доживуваат како слобода.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко нè спаси по цена на среќниот егзил, од атеистичкиот затвор во кој беше принуден да живее еден цел народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вели дека не се нивни нивите, туку на тие кои поради војната, што добро ја памети, беа принудени да бегаат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако ви се причини дека приказнава е малку заскитана, тоа е зошто бев принуден, поради натечениот палец и „Ханзапластот“, да ја држам хемиската со два прста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеше да се обиде да најде уште некоја потпора за своето тело во подебелите ветки околу себе, да се загнезди меѓу нив колку што му беше возможно тоа во неговата положба на закачен, а за да сето време секое негово движење се престоруваше во растреперена напнатост, така што еднаш беше принуден докрај да се смири и само да трае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А покрај тоа, во овој случај бевме принудени да дејствуваме бесшумно.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И уште малку де-конструкција: дури ни црната боја (дури ни мракот овде!) на кориците во првите пет броја не успеа да остане сјајна под вашите похотни прсти; некои графички прилози беа со лош квалитет поради тоа што нашето сканерче “фаќа” само 300 точки на инч (и воопшто, за уште покомплексен графички изглед секогаш недостасува уште покомплексна компјутерска опрема); некои текстови беа испечатени со непријатно ситни букви; не секогаш можевме да дојдеме до оригиналните текстови, па бевме принудени да користиме посредни преводи; најавените содржини за следниот број ги одложувавме за оној по него (така и сега: Бодријар, Гринавеј и тематот за Преведување ќе се најдат во следниот, октомвриски број); делумно бевме неправедни кон матичното животно на чијшто грб сме, Сорос-носорогот; итн. (допиши по желба, и конечно ковертирај и прати, ти бескрајно апатичен (“)маргиналецу(“)!)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ноќта лекарскиот конзилиум беше принуден да потпише медицинско мислење за ограничената моќ на Бургиба да продолжи да ја врши функцијата Претседател на Република Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Личноста која најсилно блеска во соѕвездието на пријателствата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го запознав во Тунис во времето кога беше потпретседател на Арапската лига, тогаш со привремено седиште во Тунис, по заминувањето од Каиро, како и Палестинската ослободителна организација на чело со Јасер Арафат, откако беа принудени да го напуштат постојаното седиште во Каиро, кога Египет ги нормализира односите со Израел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Прилозите ги објавуваше со редок вознес и жар во текот на една цела година, но откако настанаа некои промени во редакцијата, а со тоа и кон него, тој беше принуден да ја напушти редакција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас му одговорив, дека можат да одат да спијат, бидејќи оној симпатичен господин маршира пред нашата куќа. (На Мешаев) Гледате ли до што дојде: бевме принудени да си најмиме ангел-чувар.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое особено правило.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Наместо тие да ја изолираат, како што направија со Марија, Марша до таа мера ги игнорираше, што за да ги избегнат непријатните средби со неа, беа принудени да си отворат посебен влез на куќата...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дури и тогаш не можеше на раат да се излафи со него, бидејќи зимното време не им позволуваше да си постелат сами на чардакот или на амбарот, ами беа принудени да спијат дома на женскиот кат, заедно со брата си Стоја, со Митра и со сите нивни деца та не можеа и салам да се завртат, a камо ли да си проговорат нешто „шепни покров“ како маж и жена невидени одамна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги фати мракот уште пред анот кај Вашарејца и тие беа принудени тука да преноќат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата нареди јуриш преку Чебренскиот Мост и поп Јаков со своите старавинци, градевци, бзовичани и саточани два дена го држеа преку река, но на третата ноќ Турците го освоија мостот и почнаа да настапуваат преку самите карпи во кои беа бунтовниците, а некои од Турците преку Бзовиќ веќе им се кажаа зад грб, та беа принудени да отстапат за да дадат друга битка на Баба пред самата Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но кога настапи времето на козите и кога тие бели суштества извршија вистинска инвазија во градот, и ние бевме принудени да купиме кози за да опстанеме, како и сите други сограѓани.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Доволно беше тој да интервенира...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Триумфираше со авторитет... Немаше веќе што да се расправа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше принуден да се преправа во интерес на „канкан“-от...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Заради твоето неодговорно однесување бевме принудени да спроведеме присилно приведување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Твојата девојка всушност ни вети дека ќе ни помогне. – Значи и Катерина била овде? – се изненадив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Луѓето поради тиранијата и големата сиромаштија под која живееја, беа принудени за сè да се договараат и никој од зборот да не скршне зашто од комитите за такви работи и куршум се кркаше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)