бев (гл.) - прими (гл.)

Татко, колкуи да беше среќен што беше примен за судија, толку беше и задоволен што си најде потаен советник, но и заштитник за својот проект.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тука доаѓаат и цел ред други реформи, во кои влегуваат и оние што беа изработени од рускиот и австро-унгарскиот амбасадор во Стамбул и беа примени од Н. И. В. Султанот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Темелко, решителен младич со изградена класна свест, веќе беше примен во ЦМОК...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Љубезно беа примени од домаќинот и домаќинката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Токму за ова жири го препорачав и беше примен Луан Старова во кого што открив дипломат ерудит, кој го владее совршено нашиот јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На почетокот, кога бев примен на работа кај него, зачестеноста на тоа кажување ми беше смешна како што ми беше, и остана до денеска, смешна појавата на Волнаровски спакувана во костум што раководи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Никој не сакаше да се закачка со полковник на Стојановата гарда, па во секретаријатот Бојана беше примена како нужно зло и омилена тема за озборување.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Цви Корец ужива во секоја реченица од тоа интервју што сега, сиот блажен во карцерот бр. 84, прецизно го реконструира, сеќавајќи се на расположбата во која тие зборови и ги изговараше: „Бев примен со големи церемонии и имав разговори со еврејските значајни личности, како на пример со претседателот на Ционистичката унија Давид Флорентин и со други, како Молхо, Реканати, Морфорго и Модиано...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие ги пеат песните на Земјата на Израилот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По неколку дена бев примен од Клод Диран кај издавачот Фајар.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред неколку дена бев примен од Јасер Арафат, во резиденцијата на неговиот амбасадор во Тунис, во крајбрежниот Гамарт, недалеку од Картагина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не бев примен во претседателската палата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Лондон Тито беше примен од Кралицата Елизабета II и од премиерот Винстон Черчил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се најдов во парадоксална невозможна мисија: ефикасен можеби таму каде што не бев упатен, а неефикасен во земјата во која бев упатен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зачестија и посетите на амбасадорите на Египет, Индија, Индонезија, Алжир...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така било и на враќањето. На влезот во реката Темза, Галеб беше дочекан и испратен до лондонското пристаниште од кралската јахта Британија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татковите книги, нејзиниот каталог на Ла Ринашенте, врската со клучеви, сребреното огледало, заборавените знамиња, како да го беа примиле отпечатокот на Мајкината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)