бев (гл.) - претепа (гл.)

Ме праша што стана со Фискултурецот; му реков дека беше казнет поради тоа што претепал ученик, и дека потем заглави и во затвор, затоа што ги беше претепал и својата некогашна жена и нејзиниот сопруг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа се држеше исправена и горда, дури и кога двајца турски гавази ја беа претепале во ендекот близу Бразда, забранувајќи ѝ да му се меша во животот на Музафер-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сѐ уште го гледам: претепан, со крв што од носот му се слеваше во устата, со нога што ја влечеше, зад себе, оти Фисот го беше претепал како никој, Бога го беше отепал во него, заради есејот со кој Лудвик стана херој кога се смени власта; но тој, како што ви е познато, не наседна на тие „партиски финти“, како што ги нарекуваше, и иако му нудеа место во новата власт, тој не се огласи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А за тоа, за да бидат српските војници толку погани со жителите на Потковицата, имаа посебни и нерасчитени сметки уште од времето кога српските четници, оние на војводите Јован Бабунски и на Вангела Скопјанчето токму овдека, во Потковицата, беа претепани и понижени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)