бев (гл.) - пренесе (гл.)

И додека тие избираа снопје, по нив идеа коли, коњи, магариња и уште до вечерта беа пренесени на спаицките гумна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога беше пренесен и последниот ковчег со сиџилите, трите камиони се упатија, со необичниот товар, кон железничката станица.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ширум турското царство се беше пренесла новината: „Се појави чуден човек!“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Не обрнуваше внимание на честото сушење на устата, сѐ додека еднаш, речиси во кома, итно беше пренесена во болница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На главниот влез од Судот ме внесоа двајца полицајци кои ме придружуваа и во комбето со кое бев пренесен од Истражниот затвор до двокатниот дел, додаден на левата страна од Палатата на правдата, наменет за судски процеси од криминален карактер.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Sgt. Pepper`s“, при секое ново слушање, сè повеќе чкрипеше и шлајфуваше, потоа и грамофонот се расипа и од угледното место во дневната беше пренесен во подрумскиот музеј на стари апарати, заедно со чушкопекот, соковникот и телевизорот „Панорама“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Болникавиот шивач, вообразувајќи дека во сите бунари на улицата се удавени мачки, се откажа од вода, сѐ додека скоро зачаден не беше пренесен в болница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оваа вера ми беше пренесена уште во раното детство, а потоа во тој дух го минав адолесцентниот период и мојата младост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој како да ги држеше сите политички клучеви на зовриениот медитерански град каде што беше пренесен епицентарот на блиско-источната криза.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не беше лесно да се дојде до Лакхдар во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Помеѓу нечитливите податоци, во заглавието на листот, за првпат прочита оти и официелно, тој е Раде Ич, (името на војникот - сигурно беше пренесено од матарката), а под името, беше назначено она што веќе го тормозеше неговото тело; дека станува збор за тежок воен инвалид.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)