бев (гл.) - предаде (гл.)

Сега се беше повлекол еден чекор понатаму: во свеста се беше предал, но се надеваше дека душата ќе си ја сочува негибната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко беше предаден на надворешните битки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше полна со застарени сфаќања кои ѝ беа предадени во наследство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вујко ми лично ми го беше предал со молба да се погрижам за неговите хартии. (Додека ми го предаваше клучот спомна и некои други поединости, од кои ќе ја издвојам само онаа: дека не смеам да им се препуштам на сентименталностите и дека ќе треба сосема непристрасно да ги применам сите упатства што тој лично ги има набележано во документот што мене ми го остава).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас знаев дека полека но сигурно почнува да ми се допаѓа; бев убедена дека ќе паднам во неговата мрежа, и бев, се разбира исплашена: тоа можеше сосема да ми ги искомпликува работите во животот, оти јас целосно ѝ се бев предала и ветила на Партијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)