бев (гл.) - почести (гл.)

Откако Климент Камилски беше почестен со свежо отворено шише шампањско, со успешен пукот, но во чест на неговото враќање во Источната книжарница во Париз, со одбрани зборови му наздрави Арман Самуелиан: Никој не утврдил дали Дон Кихот бил среќен или несреќен со своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таксистот го одмери Александар од глава до петици, и како да беше почестен што седи до него на совозачкото седиште, а не назад што беше вообичаена пракса при користење на такси.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Љубезно бев почестен со едно место за седење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)