бев (гл.) - построи (гл.)

И така во еден период при посетата на бродот Галеб во туниското пристаниште близу Ла Гулет, каде што беше пренесена статуата на Хабиб Бургиба на бел коњ, донесена од центарот на градот, по падот на бургибизмот, а некогаш донесена во Тунис токму со бродот Галеб, како дар од југословенскиот пријател Тито, станував и самиот дел на една процесија на мртвиот владетел, чија исчезната реалност, сакаше да се оживее, да продолжи во времето како нова илузија...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го пречекав бродот Галеб како Титов амбасадор, односно негов претставник, пред кого беше построена морнарската гарда и го примав рапортот на командантот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неколку години подоцна, кога повторно се видов во Париз како амбасадор на Република Македонија, при доделувањето на наградата на УНЕСКО на Јасер Арафат и на Ицак Рабин, по претходно доделената Нобелова награда, имав нов импулс да го запишам својот дел за годините минати крај Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Највисоките претставници на дипломатскиот кор беа построени како убаво наредени и украсени големи саксии со цвеќе во свечената сала на УНЕСКО.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И тогаш се повтори истиот ритуал.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Влеговме во предворјето на палатата. Пред нас беше построен почесниот одред на претседателската гарда за да ја укаже честа на највисокиот претставник на странската земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само тогаш на ова место беше построен шпалир од палестинската претседателска гарда, беше извишено знамето на Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)