бев (гл.) - посети (гл.)

Во засекувањата на воздухот кои ги правеа движењата на Рајнер, во сенката на неговиот поглед, во ехото на неговите зборови, се откриваше нешто што наликуваше на потекување на крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По онаа бура, по оној гнев на Симона, повреден од тоа што Лена не му се дава, ранлив кога беше во прашање брат му Борко заради чувството дека предноста и грижата и на родителите и на другите била секогаш свртена кон него, а тој божем запоставен, а сигурно и заради внатрешната потреба да го симне од себе товарот на едно сведоштво на злостор, по таа бура, значи, по тој гром што ја удира Лена, таа го врти мојот телефонски број што бев ѝ го оставил кога летото, пред можната прослава на јубилејот на браната, ја бев посетил кратко во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Рајнер го беше посетил и доктор Ауербах, кој некогаш во детството го лечеше од очај, но Фридрих Рихтер и нему му немал кажано дека синот бил посвоен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Непознат, кој веќе го беше посетил во неговите преуранети слики.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)