бев (гл.) - посвети (гл.)

Најдо Акиноски, кој им беше син на закланите Михаила и Трајанка Акиноски и кој зашто беше посветен од Организацијата и излезен да комитува па остана незаклан, си подигна куќа на североисточните падини на Горник, веднаш над старата Дамческа куќа, над онаа во која, по делењето, останаа да живеат Дамчевци Џаџовци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можеше да верува дека во неговата куќа крај реката, така неочекувано и чиниш несетно, му дојде човекот што и самиот целиот живот го беше посветил на мистичниот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А детето беше толку радосно кога наставничката Рада ја пофали песната што му ја беше посветил Нему: Во градот пристигна пролет ластовички се вратија в лет насекаде никана цвет до цвет а Тој осамен стои, нашиот Поет.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)