бев (гл.) - попадне (гл.)

Можеби требаше да запрам. Но, веќе бев попаднал во некое бунило.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А јас, уште од самоти почеток неумоливо шибан од измешани чувства, во се посмирувачка одушевеност и омаѓосаност, како да бев попаднат во некое длабоко урочување, вчудовиден и занемен јa гледав...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Србин како да се созеде од замисленоста во која беше попаднат. - Види, ама со диктат, - рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)