бев (гл.) - помисли (гл.)

Многу болни беа помислите на тебе, ми ја раскинуваа душата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Паметам, тогаш бев помислил дека таа намерно ги фрли пилињата врз моите убаво исчистени кондури.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да ми се одмаздуваше за грдите помисли што ги имав за неа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бевме засолнети со Загорка Пеперутката во тремот на пералната и го слушавме врнењето на дождот кога се појавија иако пред тоа ниту во еден момент не бев помислил на нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И за да го потврди она што го бев помислил, тој не пропушти да го соопшти и предупредувањето: -За жал речиси е сигурно дека патувањето кон Рајот се соочува со многу незгоди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојот манук веројатно ќе шизне кога ќе слушне за преграткава, му реков на суртукот за кого бев помислила дека си ти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Паметам токму на ова бев помислил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Уште тогаш М.Ѓурев, беше помислил дека вистината не е како судбината на човекот, неа не можеш да ја покриеш со неколку лопати земја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Девојката ја донесе мастиката за која бев помислил дека е порачана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)