бев (гл.) - отфрли (гл.)

Но, тоа ми беше познато, ништо не ми можеше, јас тоа го бев отфрлил. Погонски проблеми.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Рајот на земјата беше отфрлен кога стана остварлив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Речиси исто толку нагло како што си беше замислил, таа ги тргна алиштата од себе, а кога ги отфрли настрана, го стори тоа со истото она прекрасно движење како да беше отфрлена цела една цивилизација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И, според тоа, благодарејќи ѝ на оваа неодреденост во која тој самиот, Duchamp, и она што тој го работи никогаш не допуштиле да бидат затечени, никогаш скршени, можат исто така okno.mk | Margina #3 [1994] 9 да се бараат од онаа страна на сите поврзаности кои тој за момент ги беше отфрлил, за подоцна да бидат сфатени, некои оддалечени сродства во минатото, и, зошто да не, со Leonardo.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Револтирана од ова, Зефиќ вели дека „оваа инспекција кај нас за џабе постои“ и со право констатира дека трудовите инспектори, при било каква реакција од работник, само одат кај директорите „на посета и муабет“, попатно го бараат досието и божем прават записник – а сѐ со цел да го прикажат во нивните извештаи и да покажат дека нешто работат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Незадоволна од ваквиот исход, правничката Зефиќ упатува неколку претставки до надлежните органи: до Министерот за правда, Управата за извршување санкции, до Народниот правобранител т.е. Омбудсманот (И. Мемети)5 и иницијатива до Уставниот суд на РМ за оценување на уставноста и законитоста на некои спорни членови од новиот Правилник за систематизација – која 75 подоцна беше отфрлена со образложение дека фамозниот Правилник, за чиј недостатоци свои забелешки имаше и надлежната УИС, „е само интерен акт – па оттука, бидејќи нема карактер на пропис, овој суд не е надлежен за негово оценување“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како со соблекувањето да ги беше отфрлил нечистотијата и лагата на Градот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше отфрлен, се стркала сѐ до надворешниот крај на толпата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)